Здравствен дом - Битола Адреса: Филип Втори Македонски б.б. (Иван Милутиновиќ) 7000, Битола Македонија Телефон: +389 47 220520 / +389 47 242675 Е-маил: dr.vesna-spirkoska@hotmail.com |
Опис
Здравствениот дом е изграден и пуштен во работа од 1956 год. и ја обавува примарната здравствена заштита во објектот Здравствен дом во централното градско подрачје во Општина Битола, во 7 реонски здравствени станици, 12 школски амбуланти и 22 селски амбуланти и Медицина на трудот.
Во склоп на Здравствениот дом функционираат и служби кои организирано припаѓаат под Клиничка болница со 5 специјалистичко - консултативни дејности и тоа:
- Интерна
- Хирушка
- Кожно-венерична
- Пнеумофтизиолошка и
- Орална хирургија
Во рамките на Здравствениот дом работат следниве служби:
- Училишна медицина – 12 амбулан
- Општа медицина – 11 амбуланти во Здравствен дом и 11 во реонски станици и 22 селски амбуланти
- Итна медицинска помош и домашно лекување
- Трудова медицина
- Спортска медицина
- Гинекологија и акушерство – 2 амбуланти
- Педијатрија (- Превентивна здравствена заштита во 3 амбуланти и Куративна здравствена заштита во 3 амбуланти во Здравствен дом и амбуланти во реонски станици)
- Лабораторија
- Стоматолошка служба – 9 амбуланти во Здравствен дом (5 протетички амбуланти, 2 ортодонција, 1 детска и превентивна стоматологија и 1 итна стоматологија) и 8 школски амбуланти
- Депо за лекови