адреса: Киро Крстевски-Платник 1 |
Опис
Стоматолошката ординација ,,ДИЛЕВСКИ„ е основана во 1992 година од Др. Славе Дилевски, специјалист за болести на уста и заби и е една од првите Приватни Стоматолошки Ординации во Република Македонија.
Во повеќе од дведецениското постоење на оваа ординација Др. Славе Дилевски покрај долгогодишното успешно работење несебично успева да го предаде своето знаење и стручност на неговите наследници.
Еден од нив Др. Владимир Дилевски, специјалист по ортодонција, има особен придонес во развојот на ординацијата.Тој со своето стручно знаење и вештина, придонесува ординацијата да го достигне своето денешно реноме и популарност.
Ординацијата „Дилевски„ во своето повеќегодишно работење ја наметнува својата компетентност и стручност во работењето, издигнувајќи ја истовремено на највисоко ниво грижата за пациентите и нивното орално здравје. Следејќи ги најсовремените трендови во стоматологијата, приоритет на ординацијата е задоволување на потребите и желбите на пациентите.
Стоматолошката ординација ги нуди следниве услуги:
• Детска и превентивна стоматологија:
- Рано дијагностицирање и превенција на кариес
- Флуоризација на заби
- Заливање фисури
• РТГ дијагностика и панорамско снимање на заби
• Естетска и функционална реставрација-пломбирање на заби
• Ендодонтски третман на заби
• Порцелански коронки и мостови
• Порцелански ламинати(фасети)
• Безметалан керамика (ЦАД-ЦАМ компјутерски дизајнирани и изработени коронки)
• Протези(парцијални,тотални визии)
• Третман на пародонтопатија:
-чистење забен камен со ултразвук
-обработка на пародонтален геб
-воздушно полирање (пескарење) на заби
-ласерски третмани
• Екстракција(вадење) на заби
• Орално-хируршки интервенции
• Ортодонтски третман- лекување на забно-вилични аномалии
-Фиксни протези
-Мобилни протези
• Белеење на заби
• Поставување на циркони