Сончев Дом - Тодоровски

 soncevdomlogo

  Сончев Дом - Тодоровски
   Адреса: ул.2 бр.47, с. Ракотинци o. Сопиште,
  1000  Скопје  Македонија
  Телефон: +389 78 265815 / +389 78 265814
  Е-маил: info@soncevdom.mk
  https://www.facebook.com /DomzastariSoncevDom/
  www.soncevdom.mk
 Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

Опис  

Сончев ДОМ - Тодоровски е сместен во прекрсна циста и природна еколошка средина е составен од две нивоа, со прекрасен поглед кон падини на Водно. Сместувачкиот капацитет на самиот објект е 40 легла, со двокреветни и еднокреветни соби. Самиот објект поседува сопствена кујна, перална место за дневен престој опремен со ТВ применик како и купатила и бањи. Дворната површина која е наменета за гости за да им се овозможи комотност при самиот престој.
УСЛУГИ ВО УСТАНОВАТА:
-Сместувачки капацитет
-Исхрана
-Помош и Нега
-Културно-забавни програми
-Работно-Рекреативни Активности
-Здравствена Заштита
-Социјална работа
ЗГРИЖУВАЊЕ:
Право на сместување во установата за социјална заштита Сончев ДОМ Тодоровски, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установата за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита Во согласност со Законот за социјална заштита на Република Македонија , право на сместување во установата за социјална заштита, се обезбедува на старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради стамбената и семејната положба нема можност да му обезбеди заштита на друг начин.
УСЛУГИ:
ПУСЗ ‘’Сончев дом ТОДОРОВСКИ’’ на своите корисници им обезбедува помош и нега со сместување, согласно потребите и здравствената состојба на самите корисници. Негата опфаќа исхрана, одржување на личната хигиена, одржување хигиена на просторот каде што престојуваат, одржување на хигиена на алиштата, медицинска заштита и психо-социјална поддршка. Во договор со нивните семејства и согласно нивната здравствена состојба, домот помага во остварување на одредени права на корисниците, во случај кога истите не се остварени. Најчесто се работи за остварување на правото на пелени и ортопедски помагала, поддршка во остварување на правото на туга нега и мобилност. Домот остварува соработка со Приватна здравствена установа преку која на корисниците им е овозможено континуирано следење на нивната здравствена состојба.
СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА:
Домот за стари лица Сончев ДОМ Тодоровски, посебно внимание посветува на социјализацијата на сместените корисници. Домот има вработено лице-социјален работник кој е одговорен за социјализацијата на корисниците на услуги. Социјалниот работник согласно навиките, желбите и расположението на корисниците, ќе спроведува најразлични групни активности, кои ќе ги анимираат корисниците на услуги. Работата на социјалниот работник вклучува:
-Задоволување на културни и верски потреби: посета на театар, цркви, џамии, изложби, кино;
-Спортско-рекреативни активности: прошетки, излети;
-Друштвени игри: шах, карти, домино, ,,Не лути се човече’’ и друго;
-Ликовни активности: цртање, моделирање на пластелин, тесто;
-Литературно-драмски активности: читање, рецитирање, пишување песни;
-Активности заа одредени настани: декорирање на простор, организирање на роденденски забави. 

Галерија  

  • 211
  • 212
  • 213
  • 214
  • 215
  • 216
  • 217
  • 218
  • 219
  • 220
 

Мапа  

Сончев Дом - Тодоровски

Контакт Форма  

Сончев Дом - Тодоровски

.

.