ПЗУ Физиомедика |
Опис
Специјалистичка ординација по физикална терапија и медицинска рехабилитација, Физио Медика започната со работа пред 10 години.
Лекуваме и рехабилитираме болести и состојби после повреда на остео-мускуларен апарат како:
-остеоартрити
-грбна болка
-дискусхернии
-лумбоишијалгии
-постурални проблеми
-рехабилитација на спортски повреди
Третираме болести на периферни нерви:
-парези
-неуропатии
Ординираме ортопедски помагала и ортози.
Располагаме со комплетна апаратура за електро терапија, вклучувајќи и соно терапија, магнето терапија, ласер терапија; Парафинска терапија; Мануелна масажа; Терапевтски вежби.
Наша цел е живот без болка, со целосна функционалност и максимален квалитет на живот.
Ве поздравува тимот на Физио Медика на чело со д-р Виолета Петкова физијатар со 23 годишно искуство.