Аптека Генцијана

 gencijana logo


Аптека  Генцијана 

Адреса: Ѓорѓи Ѓорѓиев 19,7000 Битола Р. Македонија 
Телефон:+389 47 612031
Работно време:
Пон - Саб од 07:30 до 22:00
Нед од 08:00 до 14:00

Опис  

ПЗУ АПТЕКА ’’Генцијана’’ Битола со седиште на ул.Ѓорги Ѓоргиев бр.19 Битола започна со работа на 08.11.1993 година. Основна дејност на установата е промет на лекови на мало – Аптеки . Основач и директор на установата е М-р Мирјана Гаштевска дипл.фарм. од Битола. Установата има осум вработени од кои пет диплпмирани фармацевти, два фармацевтски техничари и еден дипломиран правник.
Во состав на ПЗУ АПТЕКА ’’Генцијана’’ Битола делуваат три работни единици и тоа:
- Аптека Генцијана ул.Ѓорги Ѓоргиев бр.19 Битола
- Аптека Генцијана 2 ул.Цар Самоил бр.19 Битола
- Аптекарска Станица Генцијана 3 ул.Стив Наумов бр.37 с.Долно Оризари Општина Битола
Од своето основање од 1993 година установата бележи позитивни резултати во деловното работење и континуиран развој на сите полиња. Установата има развиено сопствена лабораторија за изработка на магистрални препарати.
Стручниот тим на аптеките Генцијана секојдневно посветено работи на снабдување на граѓаните со лекови од примарната здравствена заштита, помошни лековити препарати и санитетски материјали, додатоци на исхрана и друго, со што беспрекорно ја спроведува фармацвтската грижа. Вработените го ангажираат целиот свој капацитет и знаење во процесот на едукација на граѓаните за превентивни мерки за заштита на нивното здравје, со стручни совети и препораки.
Заради посветеноста при секојдневното спроведување на фармацевтската грижа кон пациентите, перманентниот развој, континуирана едукација и обука на стручниот тим и негување на професионални деловни односи кон деловните партнери, ПЗУ АПТЕКА ’’ГЕНЦИЈАНА’’ БИТОЛА се стекна со СЕРТИФИКАТ ЗА КОРЕКТНА ФИРМА ЗА 2018 ГОДИНА.
Нашиот слоган е ’’НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ’’. Продолжуваме заедно.

Галерија  

  • 5.jpg
    big image
    5.jpg
  • 4.jpg
    big image
    4.jpg
  • 7.jpg
    big image
    7.jpg
  • 10.jpg
    big image
    10.jpg
  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 9.jpg
    big image
    9.jpg
  • 8.jpg
    big image
    8.jpg
  • 6.jpg
    big image
    6.jpg
  • 1.jpg
    big image
    1.jpg
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

Аптека Генцијана

Контакт Форма  

Аптека Генцијана

.

.