Бојата на семената течност како и нејзината конзистентност (форма и густина) може да варира поради неколку фактори како што се годините, исхраната и честотата на ејакулирање. Но, спермата која што на изглед оди кон жолто-зелена боја може да индицира инфекција на простатата. Спермата нормално има беличеста боја. Вообичаено е цврста веднаш по ејакулацијата, додека по 20-30 мин се разводнува со што густината се намалува.