Евтина диета со зелка од 7 дена

zelka1

Зелката е евтин и лесно достапен производ во текот на целата година кој може значително да ви помогне во борбата со вишокот килограми.

Најважниот оброк во текот на денот е нискокалоричната супа од зелка, која го поттикнува брзото согорување на мастите. Во текот на седум дена, колку што најдолго би требало да трае оваа диета, треба да се придржувате до листата на дозволени и недозволени намирници.

Постпразнична килограмска депресија! Ви откриваме : Кое е вистинското оружје против неа !?

Празничната еуфорија веќе привршува, а после неа остануваат само бурните спомени и вишокот на килограми. Доколку сте решени  буквално да се "оттарасите" од нив тимот на здравство ќе ви помогне кон тоа како најбрзо и едноставно да ја исполните  зацртаната мисија. 
За исплатлива диета, овие три овошки ќе ви помогнат во секое време да бидете сити, да јадете колку сакате, а притоа да не се здебелите а најдобро од се е дека телото за многу кратко време ќе го збогатите со вистинска витаминска бомба..
Јаболка - Многубројни истражувања покажале дека јаболката е најдобро да ја јадете пред секој оброк. На тој начин во организмот ќе внесете дури 20 % помалку калории затоа што претходно изеденото јаболко ќе ве засити. На овој начин можете месечно да изгубите и до пола килограм. Јаболките се богати со природен шеќер и влакна и како такви се идеални за добра диета и детоксикација на организмот . Тие можат да ви го зајакнат имунитетот, па затоа е подобро да ги јадете секојдневно во текот на целата година. Постојат разни типови на јаболки, а кај диетите се препорачуваат киселите. Една просечна јаболка содржи околу 60 калории.
 
Портокал - Без разлика дали се работи за жолт или црвен, ова е идеалната намирница затоа што има многу малце калории. Со само 50 калории во вашето тело ќе внесете големи количини важни течности, богатство со витамин Ц и многу други ензими од ова овошје кое брзо ги топи килограмите. Ако веќе сте на диета, вклучете ја оваа овошка обавезно во своето мени. Подолго време ќе бидете сити затоа што портокалот има хранливи состојки кои помагаат во чувството на ситост. Црвениот портокал е уште полековит од жолтиот, тој ги штити ќелиите и делува превентивно против карциномот. Го одржува срцето и го убрзува целиот метаболизам што значи дека калориите брзо се топат.
Мандарина - Ова овошје спаѓа во групата на природни лекови и е идеален избор за брзо слабеење. Тоа всушност е и вистинскиот избор зошто треба да ги конзумирате секојдневно. Изедете по една мандарина на ден, најдобро пред оброк и колограмите сами ќе почнат да се топат. Нив можете да ги пронајдете во текот на целата година, а тоа е мотив плус да почнете редовно да ги конзумирате. Иделни се и како свеж исцеден сок пред доручек. Ќе го разбудат вашето тело и ќе ги наполнат со енергија.Мандарината ги топи масните наслаги околу стомакот и колковите, и затоа е добар сојузник во бробата со килограмите. Богата е со антиоксиданти, како и витамин А, Е и Ц. Оваа комбинација е идеална за јакнење на имунитетот, намалување на нивото  на холестерол во крвта, а е и одлично средство за забрзување на метаболизмот.
 

Идеална диета да го изгубите стомачето и да го зајакнете здравјето!

dieta3

 

 

 

 

 

DASH диетата е осмислена да им помогне на луѓе кои страдаат од хипертензија, а американските доктори ја изгласаа како нездрава диета.

Таа го намалува крвниот притисок, холестеролот и штити од дијабетес, а што е најдобро со неа може да изгубите вишок на килограми таман до празниците.

 

 

Диета со тиква

dieta4

 

   Сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми набрзина, да си го прочистат организмот и токсините и да го зајакнат имунитетот им ја препорачуваме диетата со тикви.
Тиквата е нискокалорична, има само 35 калории во 100 грама. Така што може да изедете од 2-3 кг тиква и ќе внесете само 1000 калории во денот. Доколку вашата целт е набрзина да ги симнете тогаш се препорачува вашето мени да се состои од тиква, печена или варена распоредена во 4-5 оброци.

 

.

.