Антицелулитни третмани со најголема ефикасност

celulit

Во голема заблуда сме доколку сметаме дека целулитот можеме да го отстраниме само со физичка активност. Интензивната физичка активност, може дури и да ја влоши состојбата на веќе постоечкиот целулит.

Импотенција – симптоми, причини и можни третмани

impotencija erektilna disfunkcija1-270x300

Импотенцијата е состојба која често се јавува. Импотентните мажи чувствуваат неспособност да постигнат и одржат ерекција. Милиони мажи ширум светот имаат еректилна дисфункција или ЕД.

Габично воспаление на ноктите – онихомикоза

nokti

Онихомикоза претставува габична инфекција на ноктите, која го зафаќа и целото стапало, но често се јавува и на ноктите на дланката. Оваа болест го деформира ноктот и е причина за болка. Бојата на ноктот се менува и зависи од типот на габата која го инфицира истиот. Ноктот може да биде бел, кафен, црн... во крајните стадиуми тој станува мек и кршлив или спонтано се одвојува од своето лежиште, а кожата околу ноктот може да биде црвена и отечена.

Најчести причинители се кандида, дерматофитите и не-дерматофитни габи.

Терапија

Оваа состојба е доста тешка за третман, а истиот трае подолго време. Полесните форми се лекуваат со локални препарати, креми, раствори и слично, додека пак потешките форми се лекуваат со ситемски антифунгални лекови.

Постојат и хируршки постапки, но тие се доста болни и се користат доколку лековите кои се користат се контраиндицирани или пак не делуваат.

Сепак најдобар начин е да се спречи настанувањето на габични инфекции, со редовна хигиена на рацете и нозете, да се внимава кожата да не се исуши (употребата на сапун без додатна хидратација на кожата, ја суши истата) сувата кожа е идеално место за развој на ваков вид инфекции, доколку е возможно да не се остава ногата во обувка долг временски период.

Доколку приметите состојба на габично воспаление, пожелно е да се јавите на лекар-дерматовенеролог, кој понатаму ќе ја третира состојбата.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.