Настинка

nastinka1

Симптоми

По заразување со вирусот на настинка, првите симптоми се појавуваат за околу три дена и почнуваат оддеднаш со чувство на печење во грлото или носот, кивање, водест секрет од носот првите неколку дена кој подоцна станува погуст и потемен што не значи дека сте развиле бактериска инфекција, чувство на замор. Може да се појави и кашлица која може да трае и две недели.

Доколку боледувате од хроничен бронхитис, настинката ќе ги влоши симптомите. Доколку искашлувате секрет со темна боја и доколку чувствувате болка и непријатност во градите, тогаш можеби имате развиено бактериска инфекција. при настинка не се јавува треска, доколку ви се покачи телесната температура, тогаш можеби сте заразени со вирусот на грип, кој е различен од оној на настинка.

Симптомите поминуваат за три до пет дена, но може да чувствувате дека имате затнат нос уште една недела. За време на првите три дена вие може да го пренесете вирусот на настинка, затоа се препорачува да седите дома и да одмарате.

Настинката сама по себе не е опасна, освен кај новороденчиња и обично поминува сама, без употреба на лекови. Но во секој случај, таа го ослабнува организмот и го прави поподложен на други инфекции, затоа се препорачува во тие денови да конзумирате малку посилна храна и препарати кои ќе ви го зајакнат одбранбениот систем.

Третман на настинка

Многу одмор, внесување на многу вода, доколку имате болки во телото препорачливо е да се земе парацетамол, деконгестив (капки) за нос, но не повеќе од една недела, витамин ц и се што ќе ви помогне во борбата против вирусот.

Се за ракот – лек против ракот (трет дел)

b17

Природата го создала човекот, тој е нејзино совршенство, ниеден компјутер, ниту пак технологија не може да ја достигне улогата на човекот во општеството. Секоја молекула е совршено распоредена и во синергизам со секоја друга молекула создадена од природата се создава совршенство-човек. Влијанието на трката по материјални добра, самоуништувањето на човековиот вид, води кон аномалии на совршенството од природата. Секоја одголена шума на Земјата, е канцер во човекот. Природата може да направи нова шума, да ја отстрани аномалијата на Земјата, природата може да го излечи и канцерот, да ја отстрани аномалијата во човекот, таа тоа го прави, таа создала се, таа има решение за нас.

Целијакија – Чувствителност на глутен

gluten

Целијакија претставува доживотна болест а се јавува во втората година од животот. Целијакија е болест на цревните ресички, кои се одговорни за хранење на целиот организам, па затоа треба да бидат здрави и многубројни. Меѓутоа целијакијата го оневозможува нивното правилно функционирање.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.