9 природни начини да го решите проблемот со вашите синуси

Ayurvedic View on Sinusitis

Справувајќи се со проблемите со синуси со природни средства и начини е многу поздраво и полесно, отколку да пиете еден куп антибиотици.

Инфекцијата во синусите е една од најчестите појави, но секако дека е состојба која може да ја третирате вие самите и да ги намалите симптомите на воспаление. Воспалението на синусите предизвикува притисок во носната шуплина. Постојат повеќе природни начини со кои можете да ја исчистите носната шуплина и да си го олесните дишењето.

Посотјат повеќе видови на синусни воспаленија

Акутен синузит – Вирусите или бактериите ја инфицираат синусната шуплина со што предизвикуваат воспаление, зголемена секреција на секрет, затнат нос, притисок во челниот дел, јаболчниците или делот околу очите.

Хроничен синузит – ова значи долготраен воспалителен процес во синусите.

Алергичен ринит – овој вид настанува кога алергените како што се прашина или полен предизвикуваат одбрана создавајќи мукуз, при што доаѓа до затнување на носот, кивање и чешање на носот.

Девијација во носнтата шуплина – доколку септумот кој ја дели носната шуплина на два дела, застранува многу повеќе на едната страна, предизвикува неправилен проток на воздухот во шуплината.

Полипи во носната шуплина – Хрониччниот синузит, алергијата, астмата се состојби кои може да предизвикаат создавање на полипи на нсоната слузокожа.

Природни лекови

Диета

За време на инфекцијата потрудете се да не внесувате брашно, јајца, чоколадо, шеќер и слични продукти кои помагаат во создавањето на секрет. Овие денови внесувајте повеќе зеленчук, мешункаст зеленчук, супи и ладно цедени масла.

Прочистување на носната шуплина

Во денешно време во аптеките може да најдете таканаречени инки за прочитување на синусите. Во нив се става физиолошки раствор и се промиваат носните шуплини. Застанете над мијалникот, ставете ја инката за промивање во едната ноздра, наведнете ја главата на спротивната страна, истурете ја течноста во ноздрата и чекајте да излезе од другата нзодра. Не ја наведнувајте главата наназад кога го правите ова. Истата постапка повторете ја со другата ноздра. Овој начин на прочистување се препорачува и кога сме здрави, во зимските денови кога посоти поголема можност да се инфицираме со сезонски рино вируси и бактерии.

Органски јаболков оцет

На почеток на воспалителнио процес измешајте 2 лажики јаболков оцет со 50-100 милилитри вода додадете 1 лажика мед или стевиа доколку сте вегетаријанец, и пијте ја смесата 3 пати на ден, 5 дена последователно. Оцетот помага да се разреди секретот а со тоа полесно да се отстрани.

Назална масажа

Масирајте ја секоја страна од носната коска почнувајќи од горниот дел, се до доле со нежно притискање. Повторете го тоа 15 пати на една страна. Правете го ова три пати дневно.

Пареа

Пареата од топла вода помага во разредувањето на секретот, ап затоа се препорачува туширање со топла вода. Или пак зовријте вода во еден сад и додадете неколку капки малсо од еукалиптус или ментол и застанете над садот дишејќи ја пареата. Ова помага и при елиминација на секретот.

Зачинета храна

Зачинетата храна ги чисти синусите

Топли чаеви

Еве еден рецепт за справување со настинки:

Со зовриена вода прелијте една вреќичка зелен чај и една лажика ѓумбир и оставете да отстои 3 минути. Во чашата додатете една лажика лимонов сок. Оставете малку да се излади и потоа додатете една лажика мед. Измешајте и стоплете се со овој напиток.

Подобрете го имунитетот

Зголемете го имунитеттот присродно, со внесување на многу хербнални препарати и голема количина витамин ц. Искустават докажале дека маслото од еукалиптус помага во полесно изфрлање на секретот.

Топли или ладни облоги

За ладни облоги користете замрзнат зеленчик и ставете го на носната коска, или пак ако сакате топли облоги направете си перниче во кое ќе ставите морска сол, загрејте го перничето и чувајте го исто на нсонта коска. Ова ќе ви помогне да се одзатне носот и поленсо да дишете.

 

Настинавте? Тогаш мора да го направите ова

44

Во аптеките деновиве голем број пациенти бараат антибиотици кои си ги препишуваат на своја рака. Некои од нив дури и посегнале кон оние што им останале од некое претходно лекување. Ова не смеете да го правите. Не смеат ни фармацевтите да им ја исполнат желбата и да им дадат антибиотик за нивната кивавица, воспалено грло и затнат нос, па затоа ви даваме еден обичен совет, совет кој на многумина им помогнал, поекономичен од кутија антибиотик и побезбеден за вашето здравје.

Во почетокот на симптомите на настинка, помогнете си најпрво со лозенги (таблети за лижење) кои во својот состав имаат цинк и земајте ги на секои два часа, се додека траат симптомите. Внесувајте 1 грам витамин Ц, вашите оброци нека се сведат на пилешка супа за која е научно докажано дека ги намалува симтомите на настинка и спијте повеќе од вообичаено. Додека спиеме нашиот имун систем ослободува цитокини кои помагаат во борбата со инфекцијата.

Доколку симптомите не се подобрат, па дури и се влошат, тогаш станува збор за посериозна состојба и ќе мора да го посетите вашиот лекар.

Пет работи кои не смеете да ги правите кога ќе се разболите

images

Често почнуваме да се грижиме за нашето здравје откако нешто ќе ни се случи. Во големата трка со времето кое ни е потребно, настојуваме што побргу да оздравеме и да ги намалиме симптомите кои ги носи самата болест. Со тоа правиме грешки кои не само што ќе го одолговлечат оздравувањето, туку можат и да предизвикаат поголеми проблеми.

Наведуваме пет работи кои не смеете да ги правите кога ќе се разболите:

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.