Зошто се пиперките многу здрави?

piperka1

Сега е времето на пиперките. Тие не само што се многу вкусни, туку претставуваат и права ризница на корисни и здрави состојки (минерали, витамини, каротиноиди, флавониди). Пиперките можат да бидат благи, или толку лути што многу луѓе ги сметаат за незаменлив афродизијак.

 

Пиперката има разни бои и форми, а воопшто не е правило дека црвените пиперки се и најлути. Има и зелени пиперки кои се толку лути што го жарат јазикот и непцето. Лековитоста на пиперката во народната медицина никогаш не била ставена под знак прашалник. Таа е богата со минерали, витамини, посебно со витамин Ц.

12 причини зошто треба да почнете да јадете краставици

Краставицата е меѓу најодгледуваниот зеленчук во светот и се смета за еден од најздравите видови на храна. А еве и зошто:

KRASTAVICA1

Краставица против изгореници

Ако сте се изгориле или имате изгореници од сонце, ставете краставица на тоа место и ќе ја олесни болката и намали отокот.

Краставиците ги отстрануваат токсините

Сета таа вода во краставицата дејствува како виртуелна метла која ги изметува штетните остатоци во организмот. Се вели дека редовното јадење краставици ги растворува камените во бубрегот.

Најголемите лековити својства на цвеклото

zelencuk2

    За цвеклото се вели дека е во состојба да поправи бројни работи кои се расипани во организмот. Со потекло од бреговите на Средоземјето, успеало на себе да привлече внимание уште кај старите народи, кои сфатиле дека тоа помага кај многу болести.
Цвеклото, денес, се смета за најкорисна и најлековита градинарска култура која лесно се вари, во себе содржи широка палета на витамини и минерали, и исклучително е богата со белковини, масти и јаглехидрати. Од витамините најприсутни се витамините Ц, Б1, Б2, како и исклучитлено реткиот витамин во билките – Б12.

Морков – здрава храна и природен лек

morkov1

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.

 

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова... Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.