Алергија кај бебе

  alergija bebe 

Што е алергија кај бебе?

Најчести назални алергии кај бебињата

Како да препознаете дали се работи за алергија?

Превенција на појавата на алергија кај бебето

Како да препознаете на што е алергично бебето?

 

Кога и како да се воведе мед во исхраната на детето

bebe13Медот е природна храна со пријатен мирис и вкус. Содржи прости шеќери, витамини, минерали, ензими и делува позитивно на апетитот и перисталтиката. Децата треба да јадат мед наместо шеќер. Поради можна појава на алергија, треба да се внимава кога се воведува медот во исхраната на детето, особено во семејства каде има изразена преосетливост на храна или алергии.

Генерално, медот е идеална слатка храна за деца. Со оглед на тоа дека е лесно сварлив и сладок, мал е бројот на деца кои не го прифаќаат во својата исхрана. Медот е важен за нормален развој на детскиот организам. 80% од медот е природен шеќер (гликоза и фруктоза) кој не треба да се вари, каде по неговото консумирање преминува во крвотокот каде брзо ги пополнува резервите на шеќер во црниот дроб и мускулите.

Растење на заби кај бебето

bebe11Кога растат првите заби кај бебето

Возраста на бебето кога ќе се појават првите заби е индивидуална работа и може многу да варира. Во просек првите запчиња се појавуваат на 6-7 месеци, но кај некои бебиња може да се појават и на 3 месеци или на една година. Првите катници најчесто се појавуваат на возраст од 10-14 месци.

Кај некои бебиња целиот процес поминува брзо и без проблеми, а некои имаат болно искуство. Нема шаблон, кај некои бебиња запчето може да се појави преку ноќ и безболно, а кај некои може да се забележува испакнатина на непцето неколку седмици предходно и тоа да биде пропратено со болка.

Детски развој (3-6 месеци)

bebe12

При раѓање бебешкиот мозок не е целосно развиен. Бебињата постепено почнуваат да доживуваат различни звуци, мириси, глетки, чувства и допири, така што во нивните мозоци се прават врски кои им помагаат да научат говор. Дружењето со вас и луѓето околу вас, им помага да ги развијат нивните дружељубиви и емотивни однесувања.

Најрано од четвртиот месец може да започнете со дохрана. Вклучувајте ја храната постепено и едно по едно (поради можна алергиска реакција). Бебето не го изложувајте на многу бучно место, бидејќи непотребно се стимулира и возбудува. Од време на време прошетајте го надвор, бидејќи во оваа фаза од развојот, бебето може да гледа подалеку и за него движењето делува смирувачки. Вниманието може да му го одземете со подвижни играчки кои можете да ги поставите на самото креветче. Бебињата сакаат да слушаат разговори, но и да се вклучат во нив, нормално со гугање.

Воведување на прихрана кај бебето

Кога да се воведе прихрана за бебетоbebe10

Се препорачува во првите 6 месеци од животот бебето да биде исклучиво на мајчино млеко. Доолку пак заради некоја причина не можете да го доите бебето, со воведување на прихрана причекајте барем 17 недели возраст.

Чекањето 4-6 месеци за да воведете дополнителна храна помеѓу другото ќе помогне и за да го намалите ризикот од појава на разни алергии кај бебето.

 

 

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.