Новогодишни одлуки: Е, баш ќе се заљубам!

Крајот на годината автоматски означува почеток на нови одлуки. Некои ги задржуваме, за некои мислиме дека ќе го задржиме, а некои ги носиме поради обична формалност.
Ако вашата овогодишна одлука која планирате да ја исполните во текот на 2015 година е пронајдок на вистинска љубов тогаш еве ви помош како да се доближите до целта.
 
Променете го начин на размислување!
Најлесно е да се каже дека нема добри фраери, љубовта не е за вас, и дека сте сигруни дека никогаш нема да пронајдете некој за себе. Ако го промените ставот и начлинот на размислување, коцките дури тогаш сами ќе се поклопат.
Купете си самите на себе живот!
Звучи како реченица која лута тинејџерка ја изговара во некој филм, но вистина е дека ако вашиот живот се состои од барање љубов, големи се шансите дека баш поради тоа не можете да ја пронајдете. Почнете да се дружите со луѓето, излезете, пронајдете го вашето хоби и активностите кои ве исполнуваат- еднаш кога ќе почнете вистински да се чувствувате дека имате живот, љубовта многу полесно ќе дојде до вас.
 
Вперете го прстот кон себе!
Наместо да барате грешки во другите, пробајте да размислите кои се вашите маани. Запрашајте се дали вие сте личност со која би посакале да бидете во врска. Ако сте, само продолжете да барате, но ако не сте, тогаш е време за драстични промени.
Дознајте што сакате !
Ако не знаете што точно сакате, патот до пронаоѓањето на вистинската љубов ќе биде тежок. Направете разговор со самите себе и размислете кои се вашите желби, и многу поважно - кои се нештата кои никако не ги сакате.
 
Решете се од куферите !
Бившите партнери се честа препрека која оневозможува да тргнеме напред. Ако имате бивш партнер кој не можете да го заборавите, потрудете се некако да ја решите ситуацијата.
 

.

.