Разлика помеѓу грип и настинка

Flu1

Голем дел од луѓето ги мешаат симптомите на настинка и грип, па затоа има и погрешен пристап во домашното лекување.

 

Симптоми на грип:

Кај грип има нагло започнување на болеста, времетраењето е  7-10 дена па и подолго. Температурата е висока над 38 степени целзиусови која може да трае дури до 4 дена, проследена со јака главоболка. Се јавува болка во мускули, замор, понекогаш може да се појави сува кашлица, затнат нос, кивање, исцрпеност, а понекогаш и болка во грло. Може да дојде до компликации како до појава на бронхитис, воспаление на бели дробови и влошување на веќе постоечките хронични заболувања.

Симптоми на настинка

Настинката вообичаено постапно започнува  и трае 3-5 дена.Темературата не е висока при настинка,исцрпеност не се јавуваа а вообичаени симптоми се кивање, може болно грло, затнат нос, кашлица а можни компликации се воспаление на синуси .

Грип

Што е грип ?

Грипот е заразна болест која је предизвикуваат вирусите на инфлуенца (типовиA, B, C) и се пренесува така што слузокожата на носот или грлото на една особа доаѓа во допир со плувачката на друга заразена особа. Тоа може да се случи така што капките од плувачката на заразените особи ќе бидат исфрлени од плувачката во тек на разговор ,кивање,кашлање. Тие доспеваат дирекно на слузокожата на носот или грлото на друг човек кој се наоѓа доволно блиску или паѓаат на предмети кој тој човек ги допира а потоа го допира својот нос,уста или можат да бидат вдишани. Грипот вообичаено започнува со болки во грло, течење на нос, затнат нос и кашлица, пропратени со висока температура до 39 целзиусови степени, омалаксаност, главоболка, болки во мускули и губење на апетитот. Ако не дојде до компликации (воспаление на средното уво, воспаление на синуси, бронхитис, воспаление на белите дробови) температурата се намалува за 3-4 дена а пациентот се чувствува многу подобро. Лечењето е лежење и одмор, топли чаеви, овошје, свежи сокови и витамин Ц, капки за нос кој на намалуваат  затнатоста на носот. Тогаш може да се земе аналгетик(аспирин,парацетамол,бруфен) и потребно е одмор и сон. Секогаш постои можност да настанат и дополнителни компликации. Слузокожата која ја нападнал вирусот е оштетена и на неа може лесно да се развие бактериска инфекција која би ја влошила состојбата. На тоа може да се посомневаме доколку температурата не се намалува после 2-4 дена, доколку се јават нови или потешки симптоми, се зголемува секрецијата од носот или станува зеленкаста, се влошува кашлицата или пак станува продуктивна со зеленкаст секрет, се појавува свирење во градите и отежнато дишење. Тогаш во терапијата се вклучуваат антибиотици и други лекови кои ги препишува исклучиво лекар, а од тежината на заболувањето зависи дали пациентот ќе се лечи во домашни услови или пак ќе се хоспитализира.

Кај грипот, за разлика од настинката, симптомите како што се покачена температура, омалаксаност, болка во мускулите, губење на апетитот, се посилни и траат подолго. Заболувањето е посчесто во ладните месеци, кога голем број од луѓето поминуваат подолг временски период во една иста затворена просторија.

Постојат повеќе начини да се заштитиме од грипот: вакцинација против сезонски грип, што е посебно важно за ризичните групи како хронични болни, одржувањето на имуниот систем, здравиот начин на живот, испирање на носот и грлото со физиолошки раствор (со што се спречува задржувањето на вирусите на слузокожата), редовно проветрување на просториите, и подолг престој на отоврено, се важни чекори во заштита од ова заболување.

Симптоми

Симптоми кога не постои компликација

болка во грлото, водлест секрет од носот, затнат нос, кашлица, покачена температура до 39 степени, омалаксаност, главоболка, болка во мускулите, губење на апетитот.

Симптоми доколку се пијави некаква компликација

Покачена температура која трае повеќе од 4 дена, засилена секреција од носот, секретот може да ја промени и бојата да стане зеленкаст, се влошува кашлицата, доажа до свирење во градите и отежнато дишење.

Како да се справите ако сте се разболеле од сезонски грип

Најпрво треба да се превземат мерки да не дојде до заразување. Во зимските месеци вакцинирајте се против сезонски грип, избегнувајте да се допирате со рацете на лицето, избегнувајте блиски контакти со лицата кои се видно заразени, често проветрувајте ги просториите, отстранувајте ја прашината и не користете грејни тела кои користат вентилатори. Одржувајте го имунитетот, приуштете си доволно сон, хранете се правилно и доколку е потребно вклучете додатоци во исхраната како антиоксиданти, витамини и минерали, разни природни имуностимулатори и слично. Редовно испирајте ги носот и грлото со физиолошки раствор наутро, кога ќе се вратите дома и навечер пред легнување. На овој начин механички ќе ги остраните можните причинители на ова заболување.

Доколку веќе ги чувстуввате првите знаци на ова заболување, и спаѓате во ризична група (хронично болни, бремени и мали деца) најпрво мора да се јавите кај вашиот лекар.

Но доколку не спаѓате во оваа ризична група и имате симптоми како болка во грлото, воденаст секрет од носот, затнат нос, доволно е само да одмарате, да повнимавате на исхраната, да внесувате намирници кои ќе ја зголемат вашата енергија и секако, земете аналгетик кој ќе го намали воспалението. Одржувајте ја силата во вашиот организам со цел организмот да се избори против вирусот и да не дојде до поголеми компликации. Доколку внимавате на себе, овој вид на симптоми би требало да исчензат за 4-5 дена.

Не земајте никаков лек без да го консултирате вашиот лекар или фармацевт.