Пет работи кои не смеете да ги правите кога ќе се разболите

images

Често почнуваме да се грижиме за нашето здравје откако нешто ќе ни се случи. Во големата трка со времето кое ни е потребно, настојуваме што побргу да оздравеме и да ги намалиме симптомите кои ги носи самата болест. Со тоа правиме грешки кои не само што ќе го одолговлечат оздравувањето, туку можат и да предизвикаат поголеми проблеми.

Наведуваме пет работи кои не смеете да ги правите кога ќе се разболите:

 

Премногу лекови

Кога ќе настинеме веднаш посегнуваме по некој фармацевтски производ од кој сметаме дека брзо ќе оздравеме. При настинка сакаме веднаш да ги намалиме симптомите, по првите 15 минути откако ќе земете некаков лек очекувате да се случи „чудо“, но тоа не се случува, па земате уште една доза. Внимавајте, ова може да го оддложи закрепнувањето за еден или два дена, а што е пострашно може да предизвика и појава на други споредни несакани ефекти. Затоа ова не смеете да го правите, прочитајте го упатството или консултирајте се при подигање на лекот, кое е времето за кое започнува дејството на лекот.

Претерано издувување на носот

Кога сме настинати и ни тече носот, се почесто го дуваме носот, но тоа е целосно погрешно. Силното дување на носот носи моментално олеснување, но со тоа може да се повлече течност/слуз во синусите кој содржи бактерии. Затоа кога ќе го дувате носот правете го тоа нежно и полека и при тоа не ги стискајте ноздрите.

Кафе за повеќе енергија

При настинка или грип секако дека се чувствуваме омалаксани, а во трката со времето да постигнеме се повеќе со работните обврски, ни треба повеќе енергија, па посегнуваме по „дупли“ дози на кофеин. За време на настинка и грип, нашиот организам и онака губи телности, а кафето дополнително го дехидрира органзимот, со што тој повеќе се исцрпува. Затоа се препорачува повеќе внес на течности и мирување.

Употреба на стари антибиотици

Никако не смеете да помислите да посегнете по лек кој веќе еднаш ви бил препишан за слична или идентична состојба. Вирусите на настинки и грип се сезонски, секогаш доаѓаат со различни секундарни инфекции кои не одговараат исто на еден ист лек, затоа, при секоја настинка, доколку сметате дека треба да посегнете по некаков лек, консултирајте се со стручно лице, вашиот лекар или фармацевт.

Не следење на упатствата за употреба на спреј за нос

Нема да ни се одзатне носот доколку седиме со шишенцето од капки за нос постојано во нашите раце и посегнуваме да капеме во носот на секои пет минути. И на капките за нос им треба време да го намалат воспалението на слузницата, затоа едноставно почекајте до следната доза. Доколку пречесто ги ставате капките за нос, тогаш ќе ја оштетите слузницата дополнително и затнатоста ќе се влоши наместо да се подобри.