Настинавте? Тогаш мора да го направите ова

44

Во аптеките деновиве голем број пациенти бараат антибиотици кои си ги препишуваат на своја рака. Некои од нив дури и посегнале кон оние што им останале од некое претходно лекување. Ова не смеете да го правите. Не смеат ни фармацевтите да им ја исполнат желбата и да им дадат антибиотик за нивната кивавица, воспалено грло и затнат нос, па затоа ви даваме еден обичен совет, совет кој на многумина им помогнал, поекономичен од кутија антибиотик и побезбеден за вашето здравје.

Во почетокот на симптомите на настинка, помогнете си најпрво со лозенги (таблети за лижење) кои во својот состав имаат цинк и земајте ги на секои два часа, се додека траат симптомите. Внесувајте 1 грам витамин Ц, вашите оброци нека се сведат на пилешка супа за која е научно докажано дека ги намалува симтомите на настинка и спијте повеќе од вообичаено. Додека спиеме нашиот имун систем ослободува цитокини кои помагаат во борбата со инфекцијата.

Доколку симптомите не се подобрат, па дури и се влошат, тогаш станува збор за посериозна состојба и ќе мора да го посетите вашиот лекар.