Летен одмор со деца, што треба да има вашата аптека?

odmor

Прочитајте што треба да понесете со вас доколку одите на одмор со вашите малечки

 

Со почетокот на летните месеци, започнуваат и планирањата за летниот одмор. Секој родител стравува за здравјето и безбедноста на своето дете, па затоа, изготвивме список кој вклучува се што треба да понесете со вас доколку сте решиле одморот да го поминете заедно со вашите малечки.

Почнуваме со патувањето

Доколку знаете дека вие или вашите малечки имате т.н. болест на движење, тогаш прво на кое мора да помислите се лековите кои се земаат пред да патувате. Овој вид на лек може да се дава на деца поголеми од две години, само доколку посоти индикација за тоа, исклучиво со консултација со вашиот лекар или фармацевт.

Сонце, вода, плажа...

Пристигнувањето на одреденото место за летување, значи радост и игра, а тоа значи часови поминати на сонце. Во денови кога UV индексот е на високо ниво, се препорачува да не се изложуваме на сончевите зраци кога тие се најблиску до земјата, од 10 часот наутро па се до 17 часот попладне, меѓутоа, кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата на вашето малечко, како и вашата кожа, со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен факторполовина час пред изложување. Нанесувајте ја кремата секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело (преку вода или потење). Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средтство наменето за по сончае, така ќе се регенерираат оштетените клетки од сонцето и дополнително ќе ја зацврстите текстурата на вашата кожа а со тоа ќе ја зголемите заштитата.

И покрај тоа што можеби редовно ќе го користие средството за заштита од сонце, изгореници сепак може да настанат. Понесете со себе и средство наменето за изгореници од сонце, она кое побрзо и безболно ќе ги регенерира изгорените делови од сонцето.

Не го заборавајте и средството за заштита од убоди од инсекти, малечките се најпривлени особени на комарците, но сепак ќе треба да понесети и средство кое намалува иритација од убод од инсект.

Повреди

Дете е синоним на игра, енергија, постојано движење, а тоа на отворен простор често знае да доенсе и повреда, затоа не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј, крем за регенерација на заздравена рана и слични производи.

Лекови

Многу често при промена на одредена локација се јавуваат т.н. патувачки дијареи, поради различниот микробиолошки состав на водата за пиење и различната исхрана, тогаш се менува микрофлората во цреавата, па затоа неопходно е да понесете пробиотик за вас и за вашите малечки. Од групата на лекови неопходно ќе биде да понесете и антибиотик, медицински јаглен, антихистаминик (средство против алергија), антипиретик (средтсво против покачена температура), аналгетик (против болка), електролити.

Доколку вашето дете или вие примате некаква терапија секако не ја заборавајте да ја понесете и таа со вас.

НАПОМЕНА: Сите овие лекови земете ги исклучиво во аптека и барајте да ви објаснат исцрпно кој лек во која пригода би го употребиле, како би го употребувале и како да го чувате, особено оние лекови наменети за вашите малечки.

.

.