Како правилно да се заштитите од сонцето

consequences-of-sun-radiation-on-the-skin

Kолку секој од нас знае за особините на заштитниот крем, лосион, млеко кои се означени на производот и што е тоа SPF?

 

Ракот на кожата е најчест тип на рак. Според Интернационалната Фондација за рак на кожата, 3,5 милиони нови случаи се дијагностицираат во САД секоја година. Од тие причини тој е исто така еден од најдобро превенирани типови на рак. Според тоа д-р Шлезингер особено внимание посветува на заштита од штетните сончеви зрации и советувавнимателен избор на производите за заштита од сонце.

Секој човек би требало да користи заштитен крем секој ден во годината, но колку секој од нас знае за особините на заштитниот крем, лосион, млеко кои се означени на производот и што е тоа SPF?

UV филтрите овозможуваат заштита од UV зраците. Станува збор за тоа дека тие апсорбираат (хемиски) или одбиваат (физички филтри) и на тој начин ја штитат кожата од продирање на UV зраците во подлабоките слоеви на кожата. Разликуваме два заштитни фактори: SPF (Sun Protection Factor) или UV B заштитен фактор кој штити од сончеви изгореници, и PFA (Protection Factor UVA) или UV A заштитен фактор кој штити од оштетувања кои се предизвикани од UV A зраците (стареење на кожата, брчки, кожни болести).

Заштитниот фактор се однесува само на УВБ а не и на УВА зраците а бидејќи и двата вида предизвикуваат рак на кожата, добро е ако е можно да се одбере производ со широк спектар“.

Сојузните прописи за заштита од сонце на САДминуваат низ чести промени согласно регулативата наAмериканската Агенција за храна и лекови (FDA - Food and Drugs Administration), според која сите производители на секој препарат за сончање мораат да истакнат ознака дека тие штитат од двата типа на сончеви зраци, и од УВА и од УВБ зраци. Препаратите кои не заштитуваат од УВА зрачење, или имаат заштитен фактор понизок од 15, во својата декларација мора да содржат предупредување дека тие не го намалуваат ризикот од појава на рак на кожата. Најголемиот број на производи сега ќе имаат заштитен фактор 50+ и заштита од двата вида зрачење.

Кога сте во потрага по вистинскиот производ за сончање,важно еда обрнете внимание на три фактори:1. Широк спектар на заштита, 2. Заштитен фактор (SPF) и 3. Водоотпорност. 

Докажано е дека секој производ со широк спектар на заштита и со заштитен фактор од најмалку 15 , го намалува ризикот од појава на рак на кожата.

Во контакт со вода или со пот, производот за сончање може да се раствори и разгради и да стане помалку ефикасен. Согласно најновите регулативи на Агенцијата за храна и лекови (FDA), производите за сончање на својата декларација мораат да содржат податок за времето на водоотпорност (40 или 80 мин.) Тоа е важно за да се знае не само дали е производот водоотпорен туку да се знае и времето за кое препаратот треба повторно да се нанесе.

Нанесувајте го производот за сончање секој ден. Дури и кога времето е облачно сончевите зраци можат да предизвикаат штета на кожата. Нанесете го препаратот наутро или 30 минути пред излегување на сонце за да ја заштитите вашата кожа и да ги спречите знаците на предвремено стареење. Ако престојувате на сонце подолго време не заборавајте почесто да нанесете од својот лосион. Всушност, бројката на средствата за заштита од сонце, е време кое може да го поминете изложени на сонце. На пример, доколку се препорачува незаштитена кожа да биде изложена на сочеви зраци 10 минути, крема со фактор 15 го прододлжува тоа време за 15 пати, односно 2 ипол часа. Затоа треба да се внимава во тие два и половина час кремата да не се одмие од површината на кожата преку потта или вода, и поради тоа се препорачува почесто нанесување на истата. Значи бројката означува време, она што повеќе е важно е да го одбереме средството кое штити целосно и кое одговара на нашата кожа.

Избегнувајте го сонцето помеѓу 10.00 и 14.00 часот кога е најинтензивна сончевата радијација. Ако сте изложени на сонце во ова време, ризикот од оштетување на кожата драматично се зголемува.

Носете лесна и светла памучна облека која исто така е добра бариера против сончевата радијација. Не оставајте незаштитен било кој дел од телото. Многу често некои делови како што е кожата на главата се забораваат и усните исто така.Нежната кожа околу очите многу често луѓето ја занемаруваат, затоа користете крем за очи со заштитен фактор.Очилата за сонце во секој случај ќе ги запрат сончевите зраци да допрат до кожата на очните клепки. Заштитата и е еднакво потребна и на кожата на вашите усни со добар сјај за кој ќе ги навлажни и заштити.

Одберете го вистинскиот производ за вас и вашето семејство и користете го секој ден за да ја заштитите вашата кожа од изгореници, брчки, хиперпигментација и рак на кожата.

Млеко, масло, или крема?

Во потрагата по лесна емулзија, т.е. млеко, лосион или спреј за заштита, барајте препарати кои добро се размачкуваат, бргу се упиваат и лесно се нанесуваат. Белкасниот слој преку кожата и чувството на лепливост се веќе минато.

Млекото обично повеќе негува, а лосионот - хидратира. Маслото пак е смеса од различни масла во кои се растопени UV филтери. И понатаму преовладуваат млеката затоа што се соодветни за повеќето типови кожа и се достапни во голем избор заштитни фактори. Имено, исто така и маслата нудат низа заштитни фактори, но на многу луѓе не им одговара масниот слој на кожата.

Но доста важно нешто при користење на било кој од препаратите за заштита од сонце, е правилното нанесување на козметичките препарати. повеќето луѓе нанесуваат многу мали количини од препаратите за заштита и притоа занемаруваат клучни делови од телото. Не смеете да ги заборавите осетливите делови на лицето, како што се челото, јаболкниците, ушите, предниот дел од вратот, додека на телото задолжително нанесувате крем на вашето деколте, страничниот дел од ребрата, внатрешната страна на колената и околу рабовите на вашите костими за капење. Без разлика што на производот пишува дека е водоотпорен, после секое капење или туширање, мора да нанесете нов слој заштита.