Аутизам

autism

Симптоми, дијагноза, третман

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Аутизмот вклучува група детски ментални растројства во кои социјалното однесување, говорот и играта на детето се диспропорционални на општото ниво на развојот на детето и, според тоа, се високоабнормални.

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

Започнува рано, генерално, пред 3-тата година.Четири пати е почест кај момчиња отколку кај девојчиња.Преваленцата на аутизмот се проценува на 2-20 случаи на 10.000 деца. Некои аутистични карактеристики се смета дека имаат седум пати поголема преваленца.

ОСНОВА

Аутизмот има биолошка подлога. Нема познат специфичен етиолошки фактор. Се претпоставува дека наследноста игра важна улога во појавата на аутизмот.Кај мала група деца е познато дека аутизмот е предизвикан од дисфункција на мозокот како резултат, на пример, на сипаници во текот на бременоста, неонатален херпес енцефалитис, хромозомски аберации, фрагилен X-синдром или метаболна болест. MPR-вакцинацијата не е асоцирана со аутизам.

СИМПТОМИ

Симптомите на аутизмот се различни, болеста преовладува низ целиот живот, па дури и ако нејзината форма се менува со возраста. Потпросечно развивање на социјалната интеракција.Останува повлечен во присуство на други луѓе.Недостаток на вештина за имитирање.Потпросечно развивање на комуникацијата и говорот.Нема дрдорење, фокусирање на погледот, лицева експресија или вербален говор.Многу абнормалности во невербалната комуникација, нема желба да се гушка, не се смее.Лимитирана способност за функционирање и малку објекти од интерес.Повторувачки движења на телото како што се нишање или удирање на главата.Перзистентна приврзаност за делови од објекти.Јасна анксиозност при најмали промени во средината.Други абнормални симптоми.Страв, нарушувања во сонот и навиките за хранење.Напади на бес, агресија или автодеструктивност.

ДИЈАГНОЗА

Се базира на типични абнормалности во однесувањето и внимателен клинички преглед.

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

Asperger-ов синдром

Asperger-ов синдром се разликува од аутизам, затоа што кај овој синдром пациентот  има тешкотии со говорот, но другите негови симптоми се слични на аутизмот.

Rett-ов синдром

Неврогенеративна болест за која се смета дека се наследува преку X-хромозомот и се сретнува кај девојчиња.Започнува со аутистични симптоми, но го вклучува мускулно-скелетниот систем и води кон тотална неспособност.

Дезинтегративни растројства (Heller-ово растројство)

Екстензивно растројство во развојот кај дете, чиј ран развој кој бил нормален се менува рапидно и започнува со невролошки симптоми и симптоми кои се слични на аутизмот.

ТРЕТМАН И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Целисходна и ефективна рехабилитација може да ги намали симптомите на аутизмот.Целта на рехабилитацијата е да му помогне на детето во снаоѓање со секојдневните активности.Секое аутистично дете има потреба од индивидуална програма за рехабилитација, која може да биде успешна ако постои соработка помеѓу семејството, персоналот од дневните центри и терапевтот.

Аутистичните деца имаат потреба од помош во дневните центри и во училиштата за извршување на индивидуалната програма за учење, персоналот треба да даде поддршка на нивната игра и да им помага во личните и во групните активности.

Терапијата на гушкање се покажа како ефикасна кај некои аутистични деца. Во третманот детето се учи како да го гледа во очи оној што го гушка и да го открие контактот со очи со друго лице, обично мајката.

Третманот може да вклучи терапија на комуникација, терапија на учење, музикотерапија или терапија со јавање.

СЕМЕЈСТВОТО И АУТИСТИЧНО ДЕТЕ

Да се има аутистично дете како член на семејството е тежок товар за семејството.Аутистичното дете го врзува целото семејство за домот, бидејќи детето не смее да се остави само.Родителите обично добиваат помош и поддршка од луѓето кои со нив контактираат секојдневно, како што се инструкторите, терапевтите за говор, окупационите терапевти.Повремена помош и помош од персоналот се важна форма на поддршка за семејството.Тренингот на родителите е од бенефит и за детето и за родителите во третманот на аутистичниот спектар на растројства.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.