Атописки дерматитис кај деца

atopiski

 

Атопискиот дерматитс кој се јавува кај доенчиња (под 1 година) уште се нарекува и инфантилен егзем. Се јавува во два типа егзем. Себороичен тип на инфантилен егзем кој се јавува во првите недели од животот во вид на сквами (лушпи) на скалпот. Може да се јави и како дерматитис во интертригинозните делови на кожата (делови кои се преклопуваат) или да се развие во еритродермија (црвенило на голема површина на кожата).

Нуминалниот тип на инфантилен егзем се јавува на возраст од 2 до 6 месеци во вид на дамки на образите, бутовите или екстремитетите. И овој вид на дерматитис може да се развие во еритродермија.

Кај 50% од дечињата, инфантилниот егзем се повлекува пред втората година, кај другата половина се одржува со тенденција за ремисија.

КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Клиничката слика често е доволна за дијагноза. Кожни prick-тестови се потребни ако:

Доенчето има среден или тежок дерматитис.

Има раширен дерматитис на која било возраст (еритродермија или

пре-еритродермија).

Има акутни епизоди на дерматитис.

Дерматитот е локализиран на усните, околу устата и на очните капаци.

Покрај дерматитот, детето има и респираторни или гастроинтестинални  симптоми.

Пациентот е алергичен на полен.

Кожните prick-тестови вклучуваат нутритивни и респираторни алергени. Тестовите

ги изведува специјалист.

RAST е алтернативна метода за детекција на респираторна алергија, но во многу

случаи на нутритивна алергија, кожните прик-тестови даваат порелевантни

резултати.

Колку детето е помало, резултатите од кожните и RAST-тестови се порелевантни.

Кај нутритивната алергија може да се направат и patch-тестови, но мислењета за  релевантноста на овие тестови не се униформни.

Елиминациска диета и тест на орална провокација се потребни за да се потврди дијагнозата на алергија на храна, особено на житни растенија и млеко.

И мајчиното млеко може да биде алергено.

ТЕРАПИЈА НА АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ КАЈ ДЕЦА

ДИЕТА

Следниве нутритивни агенси провоцираат симптоми кај 80% од децата со атописка конституција и треба да се одбегнуваат кај сите деца со атописки дерматитис:

Цитрусно овошје - свежо и сок од него

Чоколадо и какао

Свежи јагоди.

Друг вид диета треба да се базира на резултатите од алерголошките тестирања.

Треба да се земе предвид дека симптомите на нутритивната алергија се повлекуваат

со растењето на детето. Не смее детето да се остави на доживотна диета.

РЕДУКЦИЈА НА ТРИГЕР-ФАКТОРИ

Мерки за намалување на домашната прашина се неопходни само кај деца кои имаат истовремено и респираторни симптоми или ако е верификувана алергија на домашна прашина со RAST или со кожни тестови. Душек отпорен на прашина може да биде од корист.

Влакна од животни може да го влошат атопискиот дерматит. Во такви случаи, алергијата се докажува со RAST или со кожни тестови. Фамилијата не би требало да се откаже од своето домашно милениче, затоа што тоа може да повлече други проблеми.

ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН

Кортикостероидни кремови и масти претставуваат примарна (стандардна)

терапија.Препаратите за навлажнување на кожата треба да се сменат ако започнат да ја

иритираат кожата. Тие не ја смируваат инфламацијата, но го намалуваат губењето

на влагата од кожата.

Брзо туширање на кожата со млака вода 2-7 пати неделно нема штетни ефекти.

Употреба на сапуни се препорачува во третман на дерматитис со секундарна

инфекција и крусти.

Потењето може да го влоши јадежот.

Деца под 2 години

1% хидрокортизонски крем во период од 1 до 3 недели.

Навлажнувачи - најмалку 10 дена помеѓу третманите со хидрокортизон.

Секојдневно бањање или туширање.

Деца на возраст од 2 до 6 години

Слабо потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 3 недели.

Средно потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 2 недели.

Навлажнувачи - најмалку 10 дена помеѓу кортикостероидните кури.

За време на третманот треба да се одбегнува експозиција на сонце, да се

користат кремови со протективни фактори и соодветна облека.

Терапијата треба да биде посочена од дерматовенеролог или специјалист со

искуство во употреба на имуномодулаторни лекови.

Училишна возраст

Слабо до средно потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 3 недели. Силно потентни кортикостероидни кремови само по препорака на дерматовенеролог.

ДРУГ ВИД ТРЕТМАН

Фототерапија се користи кај пациенти со раширени промени по кожата и слаб одговор на конвенционалната тописка кортикостероидна терапија. Дури и доенчиња ја поднесуваат добро. Селективна ултравиолетова фототерапија (SUP) може да се користи на секоја возраст. UVA-солариуми им користат на некои деца. UVB-фототерапија се дава кај адолесценти и кај возрасни. Нема докази дека антихистаминските лекови намалуваат јадеж освен преку нивното седативно дејство.

Нема докази за ефективноста на гамалиноленската киселина, витамини или минерали и затоа тие не треба се препишуваат на деца.

ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ

Микстура на кинески треви Zemaphyte може да биде ефикасна во терапија на атописки дерматит.

.

.