Дијареа и повраќање во детската возраст

dijarea

 

1. Поставување дијагноза

Најчесто станува збор за вирусен гастроентеритис. Треба да се исклучат  сите други причини (на пример, интусусцепција, сериозни ба-кериски инфекции итн.).

Историја на болеста и клинички испитувања најчесто се доволни, лаборато-риски тестови ретко се потребни.

2. Процена на степенот на дехидрација во проценти и грамови

Блага 4%, умерена 8%, тешка 12%.

Кај деца под 1 година 5-10-15%, кај адулти 3-6-9%.

Суви мукозни мембрани, намалено солзење и олигурија сугерираат блага дехидрација.

Горенаведените знаци комбинирани со ладна периферија, губење на кожни-

от еластицитет сугерираат умерена дехидрација. Губење на еластицитетот на кожата се прикажува како феномен на „шатор”: кога ќе се набере и подигне кожата на абдоменот со палецот и показалецот, таа останува подигната како шатор и не се враќа брзо назад како во нормални околности.

Горенаведените знаци и длабоко бревтачко дишење, ледено-ладна периферија и лоша општа состојба сугерираат тешка дехидрација.

Проценетото губење тежина, исто така, треба да се користи за процена на дехидрацијата во грамови (кај акутните болести дехидрациите се речиси еднакви со загубата во тежина).

3. Избор на место за згрижување

Најчесто детски дом; видете ги подолу индикациите за упатување во болница.

4. План и инструкција за третман (види го следниот дел)

5. План и инструкција за имплементација на следење на пациентите

Подобрување на општата состојба

Доволна уринарна екскреција

Пораст во тежина

Вирусните гастроентеритиси најчесто траат 4-7 дена, ротавирусна болест

дури и подолго.

ТРЕТМАН

Рехидрирајте го детето со орална рехидрациска солуција (ОРС). Дадете 4/3 од количината на водниот дефицит во период од 6 до 10 часа.Течноста може да биде дадена од шише, со чаша, со лажица или со шприц. Повеќето деца преферираат да ја земат течноста ладна.

По фазата на рехидрација, се продолжува со нормална исхрана.

Ако дијарејата или повраќањето продолжуваат, обезбедете адекватно внесување течности и соли. Ова може да се постигне преку нормална исхрана, но ако детето страда од анорексија, треба да се поттикнува дополнително внесување течности. Течностите со многу ниска (на пример, вода) или многу висока (на пример, лесни пијалаци) осмоларност треба да се одбегнуваат како единствена исхрана за време на вирусните гастроентеритиси, бидејќи нивната прекумерна употреба може да доведе до нарушување на балансот на солите или влошување на дијарејата кај пациентот. Адекватноста на внесувањето вода може да се процени според одреден број лесно видливи клинички знаци. Детето чиј јазик е влажен, кое излачува доволна количина урина и кое рони солзи кога плаче е нормално и адекватно хидрирано.

Детето се упатува во болница ако се утврди и еден од следниве критериуми:

Возраст < 6 месеци

Профузна дијареја или повраќање, лоша општа состојба

Дехидрација од 8% или повеќе (најмалку умерено тешка дехидрација)

Дијареја со траење повеќе од 5 дена (општата состојба и губење тежина се одлучувачки фактори)

Стомачна болка во вид на колика (и нагол прекин на дијарејата)

Крвава дијареја

Сомнение за хипо или за хиперосмоларна дехидрација базирана на клиничката слика или на претходен третман

Невозможност да се третира детето дома.

Ако детето е упатено во шокова состојба, се дава инфузија на Рингеров раствор

20mL/kg за 15 минути.

Тетравалентна ротавирусна вакцина е ефикасна во превенција и намалување на инциденцата на гастроентеритиси предизвикани од ротавируси. Згуснатата храна е корисна во редуцирање на симптомите на гастроезофагеалниот рефлукс кај доенчињата. Подигнување на главата нема ефект. Метоклопрамид може да има одредена корист, меѓутоа мора да се премери наспроти можните несакани ефекти.

.

.