Мали сипаници – Морбили

efektivni-nachini-za-lechenie-na-drebna-sharka

Деновиве слушнавме дека помеѓу децата се шири ова вирусно заболување. Еве едно кратко претставување на оваа болест и начин како да му помогнете на заболеното лице.

 

Малите сипаници се акутно инфективно и заразно вирусно заболување кое се карактеризира со појава на црвени меурчиња на кожата полни со вода.

Предизивкувач е вирус од групата на миксовируси. Тој е антиген кој предизвикува создавање на антитела откако ќе влезе во организмот, а пак тие се користат за создавање на вакцина против овој вирус.

Овој вирус го има насекаде, најчесто заболуваат помали деца, бебињата до 6 месеци се заштитени поради преносот на имунитетот од мајката. Се пренесува преку кивање, кашалање, секрет од нос, уши, очи итн. Преносливоста на оваа заразна болест е речиси 100 процентна, но со воведување на вакцина против морбили, епидемијата може да се намали.

Малите сипаници траат од 15-20 дена, а инкубацијата (моментот на изложување на вирусот до моментот на појава на првите симптоми) е околу десетина дена.

Постојат неколку стадиуми на болеста.

Првиот стадиум е инфективен стадиум каде се покачува телесната температура и до 38 – 40 степени, чувство на малаксаност, главоболка, вознемиреност, жед.

Катарален стадиум каде детето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење, секреција од носот.

Во третиот стадиум во усната шуплина се појавуваат белузлави наслаги кои се нарекуваат копликови флеки и се задржуваат два до три дена, а потоа се појавува осипот на кожата, температурата е висока сеуште, а карактеристично е што првиот осип се појавува навечер и тоа на главата. По ден или два осипот се шири по цело тело, а кожата станува видливо црвена со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае три до шест дена. Децата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет кој ги штити во текот на целиот живот од истото заболување.

Клиничката форма на болеста може да биде тешка и лесна. При тешка клиничка форма може да се развие бронхопневмонија, вирусна бронхопневмонија, ларингитис и бактериска бронхопневмонија како дополнување на основната болест. Исто така може да се јави и отитис (воспаление на ушите), синузитис (воспаление на синусите) и енцефалитис (воспаление на мозочната мембрана).

Најважно е болното дете во текот на боледувањето да се изолира, во домашни услови, на собна температура од околу 25 степени, да зема течности и витамиснка терапија, а за да се намали тепературата се даваат лекови за покачена температура.

Заштитата се спроведува со вакцинирање .

Малите сипаници се болест со 99 процентно излекување при што се добива траен имунитет.

.

.