Се за ракот – лек против ракот (трет дел)

b17

Природата го создала човекот, тој е нејзино совршенство, ниеден компјутер, ниту пак технологија не може да ја достигне улогата на човекот во општеството. Секоја молекула е совршено распоредена и во синергизам со секоја друга молекула создадена од природата се создава совршенство-човек. Влијанието на трката по материјални добра, самоуништувањето на човековиот вид, води кон аномалии на совршенството од природата. Секоја одголена шума на Земјата, е канцер во човекот. Природата може да направи нова шума, да ја отстрани аномалијата на Земјата, природата може да го излечи и канцерот, да ја отстрани аномалијата во човекот, таа тоа го прави, таа создала се, таа има решение за нас.

 

Амигдалин или Леатрил или пак витамин Б17 бил откриен во 1830 година во составот на горчливата семка од кајсија. Во 1950 година, хемичарот Кребс, за првпат го промовирал овој витамин како лек за ракот. Тој од амигдалинот излолирал полусинтетски производ кој го нарекол Леатрил односно витамин Б17. Постојат племиња кои сеуште не се допрени од модерниот начин на живот и кои во својата секојдневна исхрана вклучуваат големи количини на семка од кајсија, такво е хималајското племе Хунза, каде не постои заболен од рак и други болести на модерното време, каде децата растат и се развиваат онака како што одредила природата. Тие во изобилие ја одгледуваат хималајската кајсија на сосема здрав начин. Нивното богатство се мери по бројот на стебла од оваа кајсија.

Овој податок натерал многу научници, па и самиот Кребс, да го истражат дејството на витаминот Б17, и врз основа на добиените резултати, самиот Кребс, со право го нарекол овој витамин лек за ракот.

Механизам на делување

Витаминот Б17 е составен од една молекула на бензалдехид, една молекула на хидроген цијанид и две молекули на глукоза. Бензалдехидот и цијанидот се токсични молекули, но молекулите на глукоза ги „заклучуваат“ овие молекули со што тие не го пројавуваат своето токсично дејство. За да се ослободат овие две токсични молекули, потребно е витаминот Б17 да „оствари“ контакт со еден ензим наречен бетаглукозидаза кој нормално го има во човечкиот организам, но во канцерогените клетки, го има 3000 пати повеќе. Механизмот е многу едноставен. За да растат канцерогените клетки, потребна им е енергија која најмногу ја добиваат од глукозата. Па така, доколку се внесе витаминот Б17, двете молекули на шеќер ќе се врзат за канцерогената клетка, ензимот бетаглукозидаза ќе ги разложи молекулите шеќер и со тоа ќе се „ослободат“ токсичните молекули на бензалдехидот и цијанидот, и ќе го пројават своето дејство врз канцерогената клетка.

Секако дека бетаглукозидазата која ја има и во здравите клетки може да ја „отклучи“ молекулата на витаминот Б17, но за разлика од канцерогените клетки, здравите клетки содржат ензим роденаза, кој има улога да ја неутрализира токсичноста на овие две молекули, со тоа што цијанидот го претвора во тиоцијанат, а бензалдехидот во бензоева киселина, при што овие метаболити се исфрлаат преку урината. Овој ензим го нема во канцерогените клетки, па така лекот во витаминот Б17 не може да биде уништен од нивна страна.

.

.