Природна виагра- МАКА

maca

На речиси 4000метри надморска височина, на Андите, помеѓу ретката вегетација, се издвојува Маката. Позната како “жен-шен од Андите".

 

Маката традиционално се корити во Јужна Америка, како извор на енергија, а истовремено е високо почитувана помеѓу мажите и жените.
Денес е познато дека големиот број на активни соединенија на ова растение, како што се масните киселини, алкалоидите, танините, стеролите и глукозинолатите, се дирекно одговорни за плодноста кај жените и мажите.
Кај жените, маката има афродизијачки ефект, го зголемува либидото, дава енергија, влијае врз сексуалната стимулација. Го намалува чувство на депресија и ефектите на стресот, кои се причина за намалената сексуална активност. Ги намлува и несаканите симптоми при менопаузата.
Кај мажите маката има афродизијачки ефект, го зголемува либидото, обезбедува енергија и издржливост, ја подобрува потенцијата и ерекцијата, значително го подигнува нивото на DHEA (кој учествува во биосинтезата на секс хормоните), зголемува бројот на сперматозоидите и нивната подвижност.
Терапевтскиот ефект на Маката се манифестира со зголемување на физичката активност и издржливост. Помага во балансот при хормонална дисуфициенција, особено во менопауза и андропауза.
Маката е иделна билка за сите двојки кои сакаат деца.

Препорачана дневна доза е 500 – 1000 мг.

Забелешка: Мака не се препорачува за бремени жени и доилки, како и за луѓе кои имаат висок крвен притисок или болест на тироидната жлезда. Пред да решите да внесете Мака во вашиот секојдневен живот, потребно е да се советувате со вашиот лекар или фармацевт.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.