Апатија

simptom4

 

Апатијата може да се дефинира како отсуство или супресија на емоции, чувства, загриженост или страв. Апатијата претставува неможност за разликување на различни состојби кои постојат или се случуваат. Постои силна врска помеѓу апатијата и менталните пореметувања. Апатијата е еден од главните симптоми на шизофренијата. Многу луѓе со шизофренија покажуваат многу мал интерес за настаните кои ги опкружуваат. Апатијата може да се појави и кај депресијата и депресивните пореметувања.

 

На пример, луѓето кои се депресивни и имаат депресивно пореметување или дистимија, често пати не покажуваат интерес за работите во нивната околина, ја губат страста за работите кои некогаш ги правеле среќни. Многу луѓе имале периоди на апатија. Разочарувањата и тешките моменти се составни елементи од животот, а апатијата е нормален начин како луѓето се справуваат со таквите стресови. Транзиторната апатија може да се надмине. Пријателите и стручните лица може да му помогнат на апатичното лице повторно да развие интерес за неговата околина. Освен подршка, не постои специфичен третман кој е потребен за третирање на апатијата асоцирана со адолесценцијата, освен ако во исто време не постои некое друго психичко пореметување.