Алергија кај бебе

  alergija bebe 

Што е алергија кај бебе?

Најчести назални алергии кај бебињата

Како да препознаете дали се работи за алергија?

Превенција на појавата на алергија кај бебето

Како да препознаете на што е алергично бебето?

 

 

Што е алергија кај бебе

Алергијата е несоодветен одговор на имунолошкиот систем на некои неопасни супстанции. Здравиот имунолошки систем реагира на опасните материи (бактерии, вируси и сл.) со производство на хистамини и други хемикалии за да се избори против нив (антитела). Во случај на алергија, имунолошкиот систем реагира на ист начин спрема супстанции, кои всушност не се опасни, на пример на полен, прав, некои видови на храна ит.н. Овие хемикалии пак предизвикуваат отекување на ткивата, како на носните и дишните патишта ит.н.

Понекогаш може да се јави реакција позната како анафилактички шок. Во случај на анафилактички шок доаѓа до силно отекување, потешкотии со дишењето и е потребна итна интервеција. Се работи за состојба во која е загрозен животот на бебето.

Супстанциите на кои организмот е алергичен, предизвикуваат разни симптоми: течење на носот, кивање, кашлање, осип, чешање на кожата, проблеми со варење на храната ит.н. Родителите често пати овие симптоми ги заменуваат со симптоми на настинка, на стомачен вирус, акни или пак мислат дека бебето е само плачливо.

Најчести назални алергии кај бебињата

Алергија може да се јави на различни материи, но најчесто кај бебињата се јавува на следните супстанции:

  • Домашен прав. Во правта живеат многу ситни, микроскопски организми, кои предизвикуваат алергија кај голем број на луѓе.
  • Првут од домашни животни.
  • Мувла, се среќава во влажни простории: подруми, бањи и сл.
  • Волна, пердуви ит.н.
  • Во текот на бременоста немојте да јадете храна која е вискоко алергенска, на пример кикирики.
  • Дојте го вашето бебе најмалку 6 месеци. Додека го доите избегнувајте да јадете алергенска храна: млеко, јајца и сл.
  • Немојте да дозволувате да се пуши во домот.
  • Купете за бебето душек со антиалергенска превлака.
  • Редовно чистете ја мувлата, прашината и сл. Но кога правосмукувате, бебето нека не биде во просторијата. Така нема да дојде во допир со разлетаната прашина. Ако во бањата често се зафаќа мувла, редовно чистете и при тоа може да уботребите некое средство кое ќе ја одложи појавата на мувла, на пример малку Варикина растоворена во вода. Исто внимавајте и на мувлата во плакарите, на предметите и сл.
  • Немојте да му давате на бебето многу полнети играчки, затоа што се како магенет за прашината. Оние што ќе му ги давате, перете ги редовно во жешка вода или оставете ги преку ноќ во замрзнувачот за да се уништат микроорганизмите во прашината.
  • Ако бебето е алергично на прашина, може да размислите да го тргнете и тепихот.
  • Ако користите климатизер, менувајте го филтерот секој месец.

Чадот од цигари иако според поголемиот дел од стручњаците, сам по себе не е предизвикувач на алергија, може значително да ја влоши состојбата.

Како да препознаете дали се работи за алергија

Ако се работи за настинка, вообичаено таа ќе помине за една недела до 10 дена. Кога се работи за алергија пак, тогаш има долготрајни симптоми. Изгледа како детето постојано да е настинато, како постојано да има растечен или затнат нос ит.н. Алергичните бебиња потешко ги надминуваат и настинките, посклони се кој воспаление на увото и сл.

Секретот од носот во случај на алергија е поводликав и бистар. Во случај на настинка пак, обично секретот е погуст и обоен (жолтеникав, зеленикав и сл.).

Знак за алергија може да биде и сувата кашлица.

Црвенилото околу очите не се разликува многу кај коњуктивитисот и алергиите, но знак дека станува ззбор за алергија може да биде ако бебето постојано ги чеша очите или ако има темни кругови под нив.

Осип на кожата. Бебињата се склони кон осипи, но тие вообичаено исчезнуваат после 2-3 месеци од раѓањето на бебето. Алергиските осипи пак обично почнуваат тогаш да се јавуваат. Најчесто се јавува егзема: сува кожа, црвенило и лупење на кожата. Егземата може да се јави по телото, рацете, нозете или образите.

Стомачните вируси предизвикуваат пролив, потешкотии со варењето на храната, гасови ит.н., но истото може да биде предизвикано и од алергии.

Бебето може да има пролбем со јадењето, да биде нервозно, плачливо и сл. и во случај на алергија.

Алергииите најчесто не се јавуваат штом бебето ќе се роди, туку е потребно да помине време за да се достигне критичното ниво на експонираност со материјата, на која што е склоно да биде алергично. На пример алергијата може да се јави кога бебето ќе има неколку месеци или пак кога ќе направи 3-4 години.

Превенција на појавата на алергија кај бебето

Алергиите се наследни во смисла дека ако вие имате некаква алергија, има голема можност и вашето бебе да биде алергично, но не мора да се работи за иститот вид на материја. На пример вие може да сте алергични на некоја храна, а бебето на прав. Ако едниот родител е алергичен, има 50% шанси да биде алергично и бебето. Ако двата родитела се алергични, шансите да се појави алергија кај бебето се уште поголеми.

Ако во семејството има појава на алергии, има некои работи кои можете да ги направите, за да ги намалите шансите од алергија кај вашето бебе:

Како да препознаете на што е алергично бебето

Ова може да биде малку тешко. Алергиите на прав траат во текот на целата година и најчесто се манифестираат со затнатост на утро. Алергиите на мувла најчсето се јвауваат кога времето е влажно или врнжливо. Алериите на полен во време кога цвета растението, на чиј полен е алергично детето ит.н.

Најсигурен начин да се дознае алергогенот е да го однесете бебето на лекар и да се направи медицинско тестирање.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.