Постпразнична килограмска депресија! Ви откриваме : Кое е вистинското оружје против неа !?

Празничната еуфорија веќе привршува, а после неа остануваат само бурните спомени и вишокот на килограми. Доколку сте решени  буквално да се "оттарасите" од нив тимот на здравство ќе ви помогне кон тоа како најбрзо и едноставно да ја исполните  зацртаната мисија. 
За исплатлива диета, овие три овошки ќе ви помогнат во секое време да бидете сити, да јадете колку сакате, а притоа да не се здебелите а најдобро од се е дека телото за многу кратко време ќе го збогатите со вистинска витаминска бомба..
Јаболка - Многубројни истражувања покажале дека јаболката е најдобро да ја јадете пред секој оброк. На тој начин во организмот ќе внесете дури 20 % помалку калории затоа што претходно изеденото јаболко ќе ве засити. На овој начин можете месечно да изгубите и до пола килограм. Јаболките се богати со природен шеќер и влакна и како такви се идеални за добра диета и детоксикација на организмот . Тие можат да ви го зајакнат имунитетот, па затоа е подобро да ги јадете секојдневно во текот на целата година. Постојат разни типови на јаболки, а кај диетите се препорачуваат киселите. Една просечна јаболка содржи околу 60 калории.
 
Портокал - Без разлика дали се работи за жолт или црвен, ова е идеалната намирница затоа што има многу малце калории. Со само 50 калории во вашето тело ќе внесете големи количини важни течности, богатство со витамин Ц и многу други ензими од ова овошје кое брзо ги топи килограмите. Ако веќе сте на диета, вклучете ја оваа овошка обавезно во своето мени. Подолго време ќе бидете сити затоа што портокалот има хранливи состојки кои помагаат во чувството на ситост. Црвениот портокал е уште полековит од жолтиот, тој ги штити ќелиите и делува превентивно против карциномот. Го одржува срцето и го убрзува целиот метаболизам што значи дека калориите брзо се топат.
Мандарина - Ова овошје спаѓа во групата на природни лекови и е идеален избор за брзо слабеење. Тоа всушност е и вистинскиот избор зошто треба да ги конзумирате секојдневно. Изедете по една мандарина на ден, најдобро пред оброк и колограмите сами ќе почнат да се топат. Нив можете да ги пронајдете во текот на целата година, а тоа е мотив плус да почнете редовно да ги конзумирате. Иделни се и како свеж исцеден сок пред доручек. Ќе го разбудат вашето тело и ќе ги наполнат со енергија.Мандарината ги топи масните наслаги околу стомакот и колковите, и затоа е добар сојузник во бробата со килограмите. Богата е со антиоксиданти, како и витамин А, Е и Ц. Оваа комбинација е идеална за јакнење на имунитетот, намалување на нивото  на холестерол во крвта, а е и одлично средство за забрзување на метаболизмот.
 

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

a-rezultati1

Hotels Macedonia

sidebar-hotelsmacedonia

Atravel

sidebar-atravel

pliva reklama

Elco - web design

elco veb4

Здрава Исхрана

Најава за корисници

.

.

              

                       Connect With Us

Contact Us

Адреса: ТЦ Ѓорче Петров, Скопје, Македонија

Tel: +(389) 2 3176 929

Email: info@zdravstvo.eu.mk