Силата и моќта на среќата...Кој е рецептот за среќен живот? Проверете...

Од неколку милијарди луѓе на светот, повеќе од јасен е големиот број несреќни луѓе. Додека мнозинството од нив, сепак некако се снаоѓа со таквата ситуација балансирајќи помеѓу убавите и помалку убавите работи, оние кои се стварно несреќни ќе ги препознаете по тоа што ги имаат усовршено следниве пет квалитети.

Научниците велат дека дури 40% од нашата способност за среќа се наоѓа внатре во нашата сила да се промениме.Сите имаме лоши денови, па и недели, кога паѓаме на сите седум полиња во кои пливаат трајно несреќните луѓе, но разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот се крие во тоа колку долго ќе бидеме ДОЛУ.

А еве кои пет квалитети ги поседуваат хронични несреќните луѓе:

1.Појдовна точка ви е дека животот е тежок

Среќните луѓе се повеќе од свесни дека животот може да биде многу тежок, но сите сопки ги поминуваат без да се декларираат како жртви.Одговорно се преиспитуваат како се нашле во таква ситуација стремејќи се кон тоа како најбрзо и најбезболно да излезат од неа..

2.Мислите дека на повеќето луѓе не може да им се верува

Здраво е да поседувате одредена доза на недоверба , но повеќето среќни луѓе не одат низ животот со потполно затворен ум и срце пред другите.Тие веруваат во добрината на луѓето, наспроти мислењето дека постојано ви работат зад грб.Пријателски настроените луѓе многу побрзо ќе создадат круг на вистински луѓе околу себе.

3.Фокусирајте се на тоа што не чини во светот а не на тоа што е добро

Не постои дискусија околу тоа дека има премногу лоши нешта во светот, па и во наша близина, но несреќните луѓе константно замижуваат дури и пред убавите нешта што ги опкружуваат.Можете д ги забележите на километар, затоа што тие се од онаа група на луѓе кои секогаш ќе кажат :Да, ноо...Среќните луѓе се свесни за се што се случува околу нив но балансираат со тоа што самите си ги одредуваат приоритетите во нивните животи.

4.Се споредувате со другите и чувствувате љубомора

Несреќните луѓе веруваат дека среќата на другите луѓе е нешто што е украдено од нив и нивна загуба.Тие се уверени дека постои одредена количина на среќа и дека таа мора да се раздели, па ако некој друг е среќен тоа автоматски значи дека не останало доволно среќа за нив што ги лути и ги прави љубоморни и строги.

5. Се обидувате да го контролирате својот живот

Постои разлика помеѓу контрола и труд да постигнете нешто во животот.Среќните луѓе секојдневно превземаат се што можат само за да го постигнат она што го посакуваат , но на крајот сфаќаат дека да имаат многу малку контрола над сето она што животот им го фрла во лице.Несреќните луѓе пак се обидуваатдо најситни детали да осмислуваат и контролираат па многу лесно се распаѓаат пред непредвидени ситуации.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

a-rezultati1

Hotels Macedonia

sidebar-hotelsmacedonia

Atravel

sidebar-atravel

pliva reklama

Elco - web design

sidebar-ad4

Здрава Исхрана

Најава за корисници

.

.

              

                       Connect With Us

Contact Us

Адреса: ТЦ Ѓорче Петров, Скопје, Македонија

Tel: +(389) 2 3176 929

Email: info@zdravstvo.eu.mk