Чести движења (кркорења) на цревата

simptom2

Не постои општа клиничка дефиниција за честите движења или кркорења на цревата. Движењата многу се разликуваат кај здравите индивидуи. Многуте студии индицираат дека повеќето од луѓето во просек имаат по три движења (кркорења) неделно. Со други зборови кажано, нормално е се она што е нормално за вас.Честотата на движењата на цревата исто така варира со текот на времето. Можно е секојдневно да имате по едно кркорење на цревата во текот на неколку години и наеднаш да имате по две или три без некоја особена причина. Ако кркорењата се зачестат, но како резултат на тоа не се јават воденикави и течни столици, дијареа или крвава столица, таа промена најверојатно не претставува знак за никаква болест.

 

Причини

Ако имате повеќе движења на цревата од вообичаено, постојат големи шанси да имате направено некоја промена во својот животен стил.

На пример:

· Сте започнале да конзумирате повеќе овошје, зеленчук и цели зрна, кои што го зголемуваат внесот на целулозни влакна.

· Сте започнале со редовно вежбање или сте ја зголемиле физичката активност.

· Сте започнале да пиете повеќе вода.

Болести кои што можат да предизвикаат чести движења на цревата се:

- Канцер на колон

- Хипертироидизам (преактиван тироидеа)

- Несакан ефект на некој лек

Кога да посетите доктор.

Ако имате направено промени во животниот стил кои што придонесле за појава на кркорењата во стомакот и немате некои други симптоми, тогаш најверојатно сте во добро здравје. Ако ги почувствувате следните симптоми, а имате зачестени кркорења, повеќе од тоа што е вообичаено, закажете посета кај докторот:

- Промени во формата, волуменот или изгледот на столицата

- Абдоминална болка

- Крв, мукус или гној во фецесот.