Ве советуваме : Како да ги "истребите" зимските настинките?!

Најтипични периодов се настинките кои значително го слабеат имунитетот а кои знаат да потраат неколку дена, па и недели..

Во прилог ви испраќаме неколку совети како најбрзо и најефективно да се справите со нив и да ги уништите од темел.

Кога сте настинати, неминовно е да знаете кои се вашите најопасни непријатели.

Прва на списокот која може значително да го влоши вашиот веќе заслабнат имунитет е неадекватната исхрана ...Задолжително треба да проверите кои продукти се наоѓаат на списокот ,,непожелни,,

1.Индустриски овошни сокови.Изобилуваат со шеќер и се врзуваат со крвните ќелии, ги земаат витамините кои му се неопходни на организмот а последица е ослабениот имунитет.Цедениот сок од свежо овошје е сепак подобра опција.

2.Пржена храна.Иако е премногу тешко дури и кога сме здрави треба да ја избегнуваме.А посебно кога сме болни затоа што е преполна со маснотии кои тешко се варат и кои се опасна закана за негативни последици во дигестивниот тракт.

3.Кафе.Кофеинот делува како силен диуретик кој може многу лесно да го дехидрира значително заслабнатиот организам.Затоа кафето во вакви случаи заменете го со големи количини вида.

4.Кисели намирници.Постои голема веројатност дека можат да ја иритираат веќе оштетената слузокожа што може да доведе до уште поголема кашлица и течење на носот.Од киселите намирници дозволени се само цитроните но исцедени со сок, чајили некој друг вид топол напиток.

5.Алкохол.Освен што може да доведе до дехидрација на организмот, никако не смее да се меша со лекови

6.Млечни производи.Полни се со витамин Д и протеини, но го потиснуваат лачењето на природната слуз во организмот што истотака може да доведе до посилна кашлица. 

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.