Совети за безбедно капење на бебе

bebe1

 

 

 

 

Миговите на капење на вашето бебе е забавно и посебно драго време кое го делите со вашето чедо. Освен тоа, тоа е време кога треба да бидете и посебно внимателни. Обрнете внимание на следните совети како вие и вашето бебе би биле безбедни при капењето:

 

  • Прво и најважно правило е – никогаш не го оставајте вашето бебе без надзор, дури ни за момент. Сè претставува потенцијална опасност за вашето бебе, вклучувајќи ја водата, лизгавата кадичка, пешкирот. Доколку ви звони мобилниот или некој ве бара на врата, замотајте го бебето во пешкир и заедно со него тргнете или игнорирајте ги повиците.
  • Важно е да во бањата ви биде пријатно топло (oколу 24°C),  бидејќи бебињата брзо може да настинат.
  • Немојте да го ставате бебето во када додека тече водата, бидејќи притисокот од водата може да се промени, па водата може многу лесно да стане ладна, односно врела, од онаа која сте ја наместиле или можете случајно да ја наполните кадичката со повеќе вода отколку што треба. Значи редоследот е следен – најпрво наполнете доволно вода за капење, наместете ја температурата во просторијата каде ќе го капете вашето бебе, а дури потоа ставете го бебето во када. Исто така не заборавјте да ги подготвивте пелените и облеката која ќе му ја облечете по капењето.
  • Бидејќи малите бебиња имаат чувствителна кожа, повеќе им одговара капење во вода која не е премногу топла – за новороденче околу 36°C, а за бебе 37-38 °C. Водата можете да ја тестирате со помош на зглобот или лактот и би требало да ви биде пријатно млака, но никако врела. Доколку можете, најубаво е да набавите специјален термометар за вода.
  • На новите кадички, речиси секаде е обележано до каде максимум да ја наполните кадата со вода, но доколку немате, тогаш наполнете ја кадата околу 5-7 цм за бебе до 6 месеци и не повеќе од висината на колковите, кога е во седечка положба (за постаро бебе). Без оглед на тоа што се работи за мала количина на вода, бебето никогаш не го оставајте без надзор.
  • Немојте да дозволувате на детето да ја допира славината. Дури и ако сега е премногу мало за да се движи, многу брзо ќе порасне, ќе биде цврсто и стабилно па ќе може самостојно да пушти вода – што може да биде многу опасно, посебно ако се случи да пушти врела вода. Затоа е добра идеја за време на капењето на бебето, тоа да биде свртено со грб кон славината.
  • Фенот, пеглата за коса и другите електрични апарати чувајте ги што е можно подалеку од кадата каде што го капете вашето бебе.
  • Некогаш капењето може да биде многу стресно, бидејќи на крајот од денот и сме најуморни. Затоа е потребно дополнително внимание, концентрација па дури и помош од партнерот, бидејќи кога сте уморни, големи се шансите за несакани повреди.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.