Промена на бојата на семената течност

simptom1

 

Бојата на семената течност како и нејзината конзистентност (форма и густина) може да варира поради неколку фактори како што се годините, исхраната и честотата на ејакулирање. Но, спермата која што на изглед оди кон жолто-зелена боја може да индицира инфекција на простатата. Спермата нормално има беличеста боја. Вообичаено е цврста веднаш по ејакулацијата, додека по 20-30 мин се разводнува со што густината се намалува.

 

Промените во изгледот на спермата начесто се привремени и не претставуваат нешто за кое што би требало посебно да се загрижувате. Но, понекогаш, тие промени можат да бидат знак за некоја скриена здравствена состојба која што треба дополнително да се испитува. Ако промените на спермата се подолги од три до четири недели, посетете уролог кој што ќе изврши испитување.

Во следната табела се дадени варијациите на бојата и формата на спермата во однос на можните медицински причини за тие варијации.
 

Абнормална боја на спермата или промена на нејзината форма Можна причина
Жолта, зелена или златна Инфекција на простата
Жолтеникава Урина во сперма
Густа или во облик на гел Дефицитарност на машки хормон
Розева, црвена или темно кафена Крварење во простата

 

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.