Во оваа диета е вклучена разновидна храна која нема да ве остави гладни, а ќе ви
ги намали
вишокот килограми.
За време на диетата пијте поголемо количество вода и почесто движете се на свеж воздух.
Прв ден
- Појадок
Банана сплит (направете сладолед без шеќер, па во порцијата со банани додадете и кајсии и јагоди)
- Ужина
Тост од пченкарен леб намачкан со обезмастено сирење
- Ручек
Марула, половина чаша шери домати. 1 тврдо варено јајце, 20г. бадеми, две лажици маслиново масло и оцет или лимон.
- Ужина
Едно јаболко или 20г. бадеми или ореви
- Вечера
Половина чаша сварена киноа, на која ќе и додадете половина чаша моркови и исто толку брокула. Посипете со сусам
Втор ден
- Појадок
Две парчиња интегрален леб, едно варено јајце, мал домат, половина авокадо
- Ужина
Две до три овошки по избор
- Ручек
Салата од спанаќ со 6 маслинки. ¼ чаша хумус (пире од наут), мал домат, малку сирење без масленост, маслиново масло и лимон
- Ужина
¼ чаша гвакамоле со пченкарен леб на тост
- Вечера
150гр. печено пилешко со зелена салата со лимон и маслиново
Трет ден
- Појадок
Мала чаша обезмастен јогурт со три лажици диетални мусли, 5 бадеми. Половина чаша шумско или друго свежо овошје.
- Ручек
100гр. печена скуша. Половина чаша спанаќ со половина чаша црвен грав, маслиново масло и лимон
- Ужина
Една чаша јогурт со половина чаша шумски плодови
- Вечера
100гр. печено телешко месо, зелена салата со кромид, маслиново масло и лимон
Четврт ден
- појадок
Две парчиња препечен леб, со сирење и чаден лосос
- Ужина
Овошен сплит
- ручек
Една чинија супа од леќа, едно парче пченкарен леб, две парчиња моцарела, домат
- Ужина
100гр. јагоди (може и замрзнати0 и едно мало јаболко
- Вечера
150гр. печена риба со 100гр. варен интегрален ориз на кој сте му додале малку лук и вино
Петти ден
- Појадок
Една чаша нискомаслен јогурт, две лажици овесни снегулки, половина исечено јаболко, 5 ореви и малку цимет
- Ужина
Овошен сплит
- Ручек
Една тортиља. Обарете ¼ црвен грав, ¼ чаша сецкани пиперки, неколку печурки и ¼ авокадо кое ќе го додадете на крај без термичка обработка
- Ужина
Една чаша моркови со лимон
- Вечера
100 гр. печена риба, чаша црвен грав, малку сенф. Една лажица сецкани бадеми,
маслиново масло, лимон.