Најголемите лековити својства на цвеклото

zelencuk2

    За цвеклото се вели дека е во состојба да поправи бројни работи кои се расипани во организмот. Со потекло од бреговите на Средоземјето, успеало на себе да привлече внимание уште кај старите народи, кои сфатиле дека тоа помага кај многу болести.
Цвеклото, денес, се смета за најкорисна и најлековита градинарска култура која лесно се вари, во себе содржи широка палета на витамини и минерали, и исклучително е богата со белковини, масти и јаглехидрати. Од витамините најприсутни се витамините Ц, Б1, Б2, како и исклучитлено реткиот витамин во билките – Б12.

Црвената боја на цвеклото потекнува од антоцијанот кој влијае на обновувањето на крвта, а докажано е дека таа спаѓа во антиканцерогените билки. Освен тоа, потврдена е и нејзината здравствена делотворност во случите на диминерализација на забите и коските. Присуството на јод го прави цвеклото драгоцен лек против атеросклероза и процесот на стареење.
Основата на повеќекратната лековитост на овој зеленчук го прават бетанинот и бетаинот кои поттикнуваат размена на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови во добра состојба, го поттикнуваат работењето на црниот дроб, но лекуваат и настинка.
Следни мошне корисни состојки кои се содржат во цвеклото се:
- бакарот ја поттикнува концентрацијата и ги јакне зглобовите
- железото е добро за крвта
- хромот помага во борбата против прекумерната тежина
- манганот спречава појава на реума
- цинкот и селенот го јакнат имунитетот.
Цвеклото е исклучително корисно во лекувањео на слабокрвноста кај децата и младите луѓе, бидејќи содржи висок процент на железо. Поволно делува и на работењето на цревата и нивната перисталтика (движење), бидејќи изобилува со пектин и целулоза. Но, за да се задоволат дневните потреби на организмот за драгоцени влакна, треба да изедете пет средни глави цвекло. Овој благотворен зеленчук штити и од заболувања на срцето и крвотокот. И на крај, помага и кај запекот.
Но, лицата кои страдаат од камен во бубрезите треба внимателно да консумираат цвекло, бидејќи то асодржи оксална киселина која создава каменчиња.
Сокот од цвекло може да го намали високиот крвен притисок, така што овој пијалак има големо влијание на заболувањата на срцето поврзани со хипертензијата. Најдобро е да се пие во комбинација со мед, по половина чаша три пати на ден. Во сокот може да се додаде и ким, како и рендан рен, со што се добива посебен вкус.