Копривата - решение за бројни здравствени проблеми

.

bilka3

   Копривата е една од најлековитите билки. За ублажување на разни тегоби се користат и нејзините листови и нејзиниот корен. Содржи витамини и минерали, меѓу кои Б2, Б5, К, витамин Ц, провитамин А, калциум, магнезиум, фосфор.

Како народен лек, копривата има долга историја. Одамна е утврдено дека ја стимулира работата на органите за варење, црниот дроб, панкреасот, ги намалува болките во желудникот, ја прочистува крвта, го зајакнува излачувањето на течности од организмот, го зајакува имунитетот, го забрзува метаболизмот, делотворна е кај силните мигрени бидејќи ги опушта мускулите, помага при исфрлање на негативните бактерии од организмот.

 


Се користи за лечење на ревматски болки, има антибактериско, антивирусно и противвоспалително дејство. Поради тоа што е богата со калциум, добра е за здравјето на забите и коските.

Чајот од коприва се користи за запирање на крварење, чистење на крвните садови и борба против анемијата, го намалува ризикот од дијатебес и го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта.

За подготовка на чај од коприва е потребно една кафена лажичка чај да ја прелиете со чаша врела вода, да го поклопите садот и да почекате десетина минути, а потоа процедете го чајот и може да го засладите по избор.
Ако немате серизони здравствени проблеми, пијте го чајот превентивно за да го зајакнете организмот. Консумирајте го само еднаш дневно за да не го изиритирате желудникот. Овој чај не се препорачува на деца помали од 2 години.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.