Икање кај бебињата

bebe7

Многу родители се прашуваат дали е нормално бебето често да ика. Oдговорот е потврден, нормално е. Икањето е особено често во првата година од животот и обично повеќе ги вознемирва родителите, отколку бебето.

Икањето се случува како резултат на контрахирање на дијафрагмата - мускулот кој го одделува стомакот од градниот кош и помага во дишењето. Кога дијафрагмата е надразнета и наеднаш ќе се контрахира, гласните жици се затвораат, се заробува воздух и доаѓа до икање.

 

Точната причина за икањето не се знае, но претежно се прифатени теориите дека икањето кај бебињата е поврзано со хранењето или со пад на температурата. Некои сметаат дека икањето се јавува затоа што бебињата имаат мал желудник, кој лесно се полни. Друга причина може да биде тоа што долниот кружен мускул на хранопроводот кај бебињата сеуште може да не е доволно развиен и не може да се затвори целосно, па тоа овозможува дел од храната да се врати и да предизвика икање.

Како и кај возрасните, икањето кај бебињата се јавува и од голтање на воздух. Бебињата голтаат воздух кога плачат, но исто така причина за тоа може да биде и цуцла со преголема дупка, од која млекото тече побрзо од што бебето може да голта. За да ја намалите количината на голтнатиот воздух, можете да се обидете да го држите бебето исправено за да подригне.

Како што расте бебето така ќе се намалува и икањето.

Нема причина за загриженост се доека икањето не ги оневозможува нормалните активности како јадење или спиење. Доколку пак икањето е придружено со плукање, кашлање и сл. или не намалува, особено по навршување на првата година, консултирајте се со педијатар.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.