Жалфија

zalfija1Жалфија – природен заштитник од Алцхајмерова болест
Иако бројните лековити својства на жалфијата се познати ширум светот и тоа веќе со векови, западната медицина дури од неодамна почна да ги признава лековитите својства на ова растение. Најновите истражувања покажуваа дека жалфијата го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и го подобрува памтењето.

Ова го покажале и резултатите од студијата на  британскиот Центар за проучување на билки. Во студијата биле вклучени доброволци кои биле поделени во две групи. Едната група испитаници добивала билни таблети со масло од жалфија, а другата група примала неактивни, плацебо таблети. Резултатите од студијата јасно покажале дека луѓето кои користеле таблети од жалфија имале поуспешни резултати на тестот за помнење на зборови во споредба со луѓето кои не ја употребувале оваа лековита билка.

Во лековитоста на жалфијата бил уверен и траварот John Gerard, кој во 1597 година ја прогласил оваа билка како „неповторливо добра за главата и за оживување на нервите и памтењето“.


Најновите истражувања, исто така, покажаа дека жалфијата содржи материја која ја стимулира меморијата, а таа им недостасува на лицата со Алцхајмерова болест. При тоа треба да се напомене дека и рузмаринот има слични предности.
    
Оваа медитеранска билка помага и при замор, ги омекнува слузните секрети од воспалените слузници на дишните органи, поволно делува на органите на системот за варење, ја прочистува крвта.