Ехинацеа-имуностимулатор

1176385 210681415767804 989377332 n

Ехинацеата го стимулира формирањето на клетките кои учествуваат како прва одбрамбена линија и на тој начин организамот полесно се справува со агенсите кои ги предизвикуваат болестите. Ехинацеата исто така има способност да ги блокира ензимите кои овозможуваат продирање на стрептококи, стафилококи, пневмококи итн, и на тој начин го спречува ширењето на инфекцијата. Студиите го потврдуваат дејството на ехинацеа во намалување на бројот и интензитетот на настинки и грип при вирусни ифекции на горнииот респираторен тракт. Односно, при вирусна инфекција, ехинацеата делува преку стимулација на итерферонот кој е одговорен при борбата со вирусните инфекции. 
Се користи при- склоност кон чести инфекции (горен и долен респираторен тракт), настинка, грип и други вирусни инфекции, гингивитис, авти, габична инфекција на уста, хронични инфекции на уринарен тракт. 
Дозирање- Превентивно се користи до 400мг на ехинацеа во период од 8-10недели (потоа е задожително пауза). Кај деца над две години 200мг на ден во период од 6-8недели (потоа задолжително пауза) како безалкохолен екстракт од ехинацеа во форма на сируп. Во форма на капки или спеј за локално дејство во уста. 
Напомена- не се користи при прогресивни системски автоимуни болести, во комбинација со имуносупресиви, кортикостероиди или алергија.