Диета со тиква

dieta4

 

   Сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми набрзина, да си го прочистат организмот и токсините и да го зајакнат имунитетот им ја препорачуваме диетата со тикви.
Тиквата е нискокалорична, има само 35 калории во 100 грама. Така што може да изедете од 2-3 кг тиква и ќе внесете само 1000 калории во денот. Доколку вашата целт е набрзина да ги симнете тогаш се препорачува вашето мени да се состои од тиква, печена или варена распоредена во 4-5 оброци.

 

 

Може да пиете и сок од тиква измешан со сок од свежо исцеден портокал. После првите три дена може постепено во вашето мени да вклучувате пилешка или зеленчукова супа. За оние кои тешко поднесуваат строги режими, се препорачува барем еден од оброците да го заменат со тиква, вечерата или, пак, некоја од ужините. Или повремено воведувајте ден на тиквите.
Тие содржат влакна коишто даваат чувство на ситост и се одлични прочистувачи на цревата, го намалуваат целулитот, ги исфрлаат вишокот на течности од организмот, а и вашата кожа и коса ќе добијат поинаков сјај. Диетата од тиква чини малку пари, а приготвувањето е лесно и едноставно, така што потребна е само желба.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.