Детски развој (3-6 месеци)

bebe12

При раѓање бебешкиот мозок не е целосно развиен. Бебињата постепено почнуваат да доживуваат различни звуци, мириси, глетки, чувства и допири, така што во нивните мозоци се прават врски кои им помагаат да научат говор. Дружењето со вас и луѓето околу вас, им помага да ги развијат нивните дружељубиви и емотивни однесувања.

Најрано од четвртиот месец може да започнете со дохрана. Вклучувајте ја храната постепено и едно по едно (поради можна алергиска реакција). Бебето не го изложувајте на многу бучно место, бидејќи непотребно се стимулира и возбудува. Од време на време прошетајте го надвор, бидејќи во оваа фаза од развојот, бебето може да гледа подалеку и за него движењето делува смирувачки. Вниманието може да му го одземете со подвижни играчки кои можете да ги поставите на самото креветче. Бебињата сакаат да слушаат разговори, но и да се вклучат во нив, нормално со гугање.

 

Безбедност:

-  Кога му менувате пелена на вашето бебе, никогаш не го оставајте само на креветот, секогаш држете го со едната рака за да се обезбедите дека нема да падне доле;

-  Внимавајте да не пикне нешто во уста;

-  Никогаш не оставајте го само вашето бебе. Ниту за еден миг;

Сигурност:

-  Редовно насмевнувајте му се на вашето бебе. Наскоро и тоа ќе ви одговори со насмевка;

Здравје:

-  Заспивајте го бебето со вода, бидејќи сокот или млекото може да го повредат непцето или новите заби кои се развиваат;

-  Обезбедете вашето бебе да ги добие сите потребни вакцини на четири и шест месеци;

Учење:

-  Објаснете му на своето бебе, на пример: „Тато ќе те однесе сега на прошетка“, тоа верувајте ќе разбере;

-  Поттикнете го во текот на вашата игра да ве дофати, достигне;

Прилагодување:

-  Немојте да викате и да се карате пред вашето бебе

-  Застанете пред огледалото и викнете го по име и покажете со прст на него;

ЗАПОМНЕТЕ:

Секое бебе се развива со различна брзина. Ако сте загрижени за развитокот на вашето бебе, обратете се кај вашиот педијатар.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СЕБЕ

Пристигнувањето на принова во домот е возбудлив и весел настан, без разлика дали тоа се случува по прв пат или четврти пат. Помошта од семејството секогаш е добредојдена, тоа значи секој член може да има одредени обврски кои ќе си ги извршува во текот на денот. Вие морате да сфатите дека нема да бидете во можност да излегувате често како порано, ниту дека ќе го одржувате домот исто како порано.

Најдете време за себе си (најмалку 30 минути дневно) да читате, слушате музика, гледате телевизија или да се релаксирате во када. Замолете некој од семејството да ви помогне околу вашето бебе, за да можете да земете починка вие и вашиот сопруг.