Воведување на прихрана кај бебето

Кога да се воведе прихрана за бебетоbebe10

Се препорачува во првите 6 месеци од животот бебето да биде исклучиво на мајчино млеко. Доолку пак заради некоја причина не можете да го доите бебето, со воведување на прихрана причекајте барем 17 недели возраст.

Чекањето 4-6 месеци за да воведете дополнителна храна помеѓу другото ќе помогне и за да го намалите ризикот од појава на разни алергии кај бебето.

 

 

 Кога бебето е спремно за воведување на прихрана

Тоа ќе го познаете по следните знаци:

Како да му ја воведете прихраната на бебето

                                Pecene jabuke Brokoli sa krompirom

Прво надојте го бебето или ако не го доите дајте му од вештачкото млеко. Кога е речиси сито, дајте му 1-2 кафени лажички некоја кашичка од житарици, која е соодветна за неговата возраст.

Кашичката подгответе ја тој начин, што ќе ја помешате со Вашето млеко или со вештачко, така да биде поретка.

Дајте му ја на бебето со лажичка и потоа надојте го повторно или доколку не го доите дајте му од млекото во шише. На овој начин бебето нема да биде прмногу гладно, па од фрустрираност да одбива да ја проба новата храна. Ниту пак ќе биде целосно сито, за да не покаже интерес за храната.

На овој начин давајте му на бебето по еден оброк дневно.

Во почетокот можеби ќе Ви се чини дека Вашето бебе јаде многу малку или дека бавно го прави тоа. Бидете трпеливи и сетете се дека нему му е потребно извесно време за да ја совлада новата вештина.

Кога бебето ќе почне да јаде по 2-3 супени лажици од кашичката, обидете се да воведете и друга храна. Како бебето ќе се усовршува во џвакањето, така ќе може да му правите погуста кашичка. Тоа ќе му помогне да го усоврши џвакањето и голтњето.

Апетитот на бебето нема да биде ист при секој оброк. Обидете се да ги научите неговите знаци на ситост. Ако бебето одбива да ја отвори устата за следниот залак, ако ја врти главата или почнува да си игра со храната, веројатно е сито.

Дали сеуште треба да го доите бебето?

Дефинитивно ДА.

Иако тврдата храна постепено ќе замени дел од млекото, тоа сепак ќе продолжи да биде најважниот извор на хранливи материи за бебето во текот на првата година од животот. Доколку не го доите, вештачкото млеко ќе продолжи и понатаму да биде главна храна за бебето.

Како да му помогнете на бебето да развие здрави навики во исхраната

Како да воведете повеќе тврда храна

Воведувањето на различни видови храна треба да го правите постепено. На бебето му е потребно време за да се навикне на новите вкусови и тврдина на храната.

Освен тоа внимателното воведување на храната ќе Ви помогне да ги следите евентуалните појави на алергии, осип, пролив, болки во мешето и сл.

Обидете се да воведувате нова храна на секои неколку дена.

Почнете со тоа што ќе му понудите на бебето неколку лажици пасирано овошје или зеленчук. Можете да почнете со: зрели банани, моркови, праски, круши, јаболка, карфиол, брокули ит.н. За да ги направите потечни додадете зовриена оладена вода или млеко.

Ако бебето одбива некоја храна обидете се повторно да му ја понудите по неколку дена. Не се откажуваје, можеби после неколку обида ќе ја прифати.

Колку пати дневно бебето треба да јаде тврда храна

На седум месечна возраст бебето веќе треба да има 3 оброка со полуцврста храна. Еве еден пример за тоа како би можела да изгледа исхраната за еден ден:

Запомнете дека во првата година од животот на бебето не смее да му давате мед.

Опрема за хранење на бебето

Има голем избор на посебна опрема за хранење на бебето, но повеќето од тие работи се совршено непотребни. Она што Ви е потребно е лажиче со гумени краеви, за да не се повреди устата или непцата на бебето. Добро е да имате и пластична чаша со капак за смукање. Тоа ќе оневозможи да се истураат работите.

Каде да го храните бебето

Најдобро е бебето да го храните на посебен, висок стол за хранење. Хранењето на бебето додека лази може да доведе до загушување.

Воедно ако бебето научи да го поврзува хранењето со седење на стол покрај масата, тоа во иднина ќе му овозможи полесно формирање на добри навики при исхраната.

Забелешка:

Воведувањето на дополнителната храна во исхраната на Вашето бебе, ќе доведе и до промена на неговата столица. Промената ќе се состои во променет мирис и боја.

Ако се сомневате дека столицата на бебето е премногу тврда, така да тоа има болки во мешето, разговарајте со неговиот лекар и заменете ја храната која сте му ја дале со друг вид на овошје или зеленчук.

Исто така за да го спречите запекот, можете да му давате на бебето повеќе превриена вода или растворен сок со превриена вода, во однос 1:10.