Вежби за слабеење по дома

vezba1

 

 

Овој тип на средства за слабеење се обично скапи, а ги прати и лош глас дека предизвикуваат различни непосакувани ефекти, повеќето од оние со прекумерна тежина прибегнуваат кон диети за слабеење и тоа е најчест начин на кој луѓето пробуваат да дојдат до витка линија.  Поради тоа што денес е се појасно дека дебелеењето не е само естетски проблем, туку дека е важно да се ослабе и поради општото здравје и намалувањето на многубројните здравствени ризици, потребно е да знаете неколку важни факти.

 

Диетите за слабеење разочарале многумина поради познатио јо-јо ефект или ефект на брзо враќање на намалените килограми. Се поголем е бројот на лица кои пробале голем број на диети а и понатака имаат проблем со вишокот килограми.

Вежбите за слабеење се последното средство и сите ги избегнуваат поради лошите навики, погрешниот начин на слабеење или едноставно поради мрзеливост. Девојките од 20 или 30 години велат дека би сакале да џогираат, но мислат дека сите ќе им се смејат ако ги видат. Најважно прашање овде е што ќе речат и помислат соседите. А вежбите се најважниот дел од секоја програма за слабеење во која секако голема улога има и начинот на исхрана.

Треба да се знае дека многу од вежбите за слабеење може да се прават и дома без користење на справи. Не ви е потребно некое посебно познавање, важно е само да согорите што повеќе калории. Ако внесувате онолку колку ви е потребно или помалку, организмот сам ќе го надомести недостатокот преку согорување на резерви енергија од масните наслаги. Не треба да заборавите дека многу екстремни диети при кои организмот се изгладнува доведуваат до губиток на мускулната маса што предизвикува јо-јо ефект и брзо враќање на килограмите.

Најсоодветни вежби за слабеење се баш оние кои најмногу ќе ве изморат и ќе ви го забрзаат пулсот. Во таква состојба организмот најефикасно согорува масти кои се наоѓаат само под кожата и околу внатрешните органи што носи големи здравствени ризици. Ако не можете да трчате, дозволете си барем 5 пати неделно брза прошетка во траење од еден час. Возењето велосипед е исто така добро средство за слабеење, ако немате собен, уште подобро е да се возите надвор. Кога временските услови не ви го дозволуваат тоа, може да вежбате по дома, правејќи сквотови, склекови и стомачни вежби. Може да прескокнувате јаже или да танцувате брзо и енергично на музика. Ефектите ќе бидат исти како да одите на аеробик или во некој фитнес центар.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.