Центар за продолжен третман и рехабилитација Цар Самуил

carsamuil logo 

 Центар за продолжен третман и рехабилитација Цар Самуил
Адреса: Банско
Банско, Струмица Македонија
Телефон: +389 34 377 200 / +389 34 377 210
Е-маил: contact@carsamuil.com

www.carsamuil.com

Опис  


Цар Самуил е модерен центар за продолжен третман и рехабилитација на пациенти во модерно опремени простории за сите видови на терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација.
Поради умерено-континенталната клима која преовладува во регионот кој изобилува со околу 230 сончеви денови во годината,како и богатството со хипертермални минерални извори со температура на водата од 47°C до 72°С, ова природно лекувалиште се користи уште од римско време.


Термо-минералните води од природното лекувалиште бања Банско, односно комплексот Цар Самуил имаат уникатни особености и терапевтски ефекти.
Пред сѐ, тие припаѓаат во групата на натриумско – сулфурни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали. Понатаму, ова е најтоплиот термален извор во земјава, со температура и до 73 степени, од голема длабочина и без атмосферски влијанија. Најпосле, лекувачките можности на термо-минералните води се користат уште од римско време, односно од III век.
Поради овие карактеристики, водите од Цар Самуил бања Банско може да помогнат при лекување на следниве состојби и заболувања:

Индикации

• Сите невролошки болести
• Сите ревматски состојби
• Ишијалгија и полиартрит
• Гинеколошки заболувања
• Заболувања на дишните органи
• Болести на органите за варење
• Заболувања на срцето и крвните садови
• Хормонални нарушувања и алергии
• Рехабилитација по скршеници на долгите коски
• Рехабилитација по прележан хепатит

Галерија  

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9

Мапа  

Контакт Форма  

.

.