Кардиолаб Маџаров

 log kardiolab madzunov

Кардиолаб Маџаров


Адреса:Булевар Туристичка бр.45, 6000 Охрид
Телефон: +389 46 272 427
e-mail: cardiolab1@gmail.com
Работно време:
Пон - Пет од 08:00 до 20:00
Саб од 08:00 до 18:00

Опис  

Не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сте му помогнале. Уште поголемо задоволство е чувството дека тоа сте го сториле на високостручен и целосно професионален начин, на начин на кој се темели медицината, поточно медицината заснована на докази кој принцип е основен принцип на нашето работење. На ваков начин, грижејки се за Вашето здравје уште од минатата година навлеговме во вторатата деценија од почнувањето со работа на нашата здравствена установа која е основана на 15.септември 2009 год.

Нашата Поликлиника нуди широка палета на високо квалитетни здравствени услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита. Од секундарната специјалистичко консултативна зздравствена заштита нудиме широка палета на здравствени услуги односно комплетна неинвазивна дијагностика и амбулантско - поликлинички третман на заболувањата на внатрешните органи, срцето и крвните садови, заболувањата на стомачните органи, бубрезите и уротрактот, штитната жлезда, алергиските заболувања  , додека во склоп на примарната здравствена заштита нашата Поликлиника е прва во регионот во која  функционира првата приватна специјалистичка ординација по медицина на трудот која нуди високостручна превентива во контекст на систематски менаџерски и други превентивно-професионални прегледи. Истотака во склоп на примарната здравствена заштита функционира  нашата Организациона единица по Општа медицина со 2 Ординации по Општа медицина и тоа една во Охрид и една руралната амбуланта во с.Курајца при во чиј склоп досега најскапоценото нешто- здравјето- ни го довериле околу 2000 матични пациенти кои имаат извршено избор на матичен лекар во нашата Поликлиника.  
ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА "КАРДИОЛАБ  МАЏАРОВ" ја сочинуваат вкупно 4 Организациони единици:

1. ИНТЕРНА МЕДИЦИНА со КАРДИОЛОГИЈА- во која организациона единица се вршат бројни неинвазивни дијагностички процедури и тоа:

    КолорДоплер Ехо на срце
    КолорДоплер Ангиодинографија на крвни садови на раце и нозе
    Транскранијална Колор Доплер Ангиодоинографија на мозочни артерии
    Колор Доплер Ангиодоинографија на каротидни и вертебрални екстракранијални артерии
    Колор Доплер Ангиодоинографија на пенилни артерии
    Ехо на штитна жлезда
    Ехо на стомачни органи, бубрези и уротракт
    Холтер за крвен притисок
    Холтер за срце
    Стрес тест
    Комплетна Спирометрија и пулсна оксиметрија
    Консултативни прегледи од интернист - дијабетолог
    Алерголошки прфегледи


2. ОПШТА МЕДИЦИНА:
       -Можност за избор на матичен лекар
       -Издавање на лекарски уверенија
       -Дневноболнички третман и домашна посета

3. МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ
    -Превентивни здравствени СИСТЕМАТСКИ прегледи на вработени согласно Закон за безбедност и здраје при работа
-Прегледи и издавање на УВЕРЕНИЈА за ВОЗАЧИ
-Обука за прва помош на вработени
-Обука за прва помош на КАНДИДАТИ за ВОЗАЧИ
-Консултации , прегледи и третман од страна на наш лиценциран ПСИХОЛОГ

4. БИОХЕМИСКА  ЛАБОРАТОРИЈА
Широка палета на лабораториски анализи на крв и урина  кои ги вршиме со помош на дијагностичка апаратура и реагенси со потекло од реномирана и цертифицирана Германска компанија од областа на медицинската биохемија   
==============================================================
Континуираната Медицинска Едукација и работењето по теркот на Еvidence based medicine - МЕДИЦИНА  ЗАСНОВАНА  НА  ДОКАЗИ се столбовите на нашата поликлиника, извор на нашиот квалитет и параметри според кои не' препознаваат во Охрид и пошироко.

Доверете ни ја грижата за Вашето здравје и проверете зошто сме најдобри!
Ви Благодариме !
Искрено Ваши,
ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА "КАРДИОЛАБ  МАЏАРОВ"

Галерија  

  • 1
  • 10
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9

Мапа 

Кардиолаб Маџаров

Контакт Форма 

Кардиолаб Маџаров

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

Hotels Macedonia

sidebar-hotelsmacedonia

Atravel

sidebar-atravel

Elco - web design

elco veb4

.

.