Зошто се пиперките многу здрави?

piperka1

Сега е времето на пиперките. Тие не само што се многу вкусни, туку претставуваат и права ризница на корисни и здрави состојки (минерали, витамини, каротиноиди, флавониди). Пиперките можат да бидат благи, или толку лути што многу луѓе ги сметаат за незаменлив афродизијак.

 

Пиперката има разни бои и форми, а воопшто не е правило дека црвените пиперки се и најлути. Има и зелени пиперки кои се толку лути што го жарат јазикот и непцето. Лековитоста на пиперката во народната медицина никогаш не била ставена под знак прашалник. Таа е богата со минерали, витамини, посебно со витамин Ц.

Во народната медицина, пиперката се користела како антидепресив, антиреуматик, афродизијак, антисептик и диуретик.

Блага или лута

Пиперката потекнува од Јужна Америка. Шпанците ја донеле во Европа во 15-от век, од каде се проширила сè до Турција, а денес најмногу се одгледува во Унгарија.

Плодовите на пиперката ги разликуваме по форма, боја, но и по мирис и вкус.

Алкалоидот капсаицин, кој го содржи пиперката, делува антисептички, а во дигестивниот тракт го спречува развојот на бактериите на гниењето и го подобрува варењето на храната. Токму капсаицинот го дава лутиот и зачинет вкус на пиперките. Иако делува така што загрева, капсаицинот всушност го стимулира делот на мозокот задолжен за регулација на телесната температура и ја снижува. Токму поради таа причина, во тропските и суптропските краеви, луѓето консумираат „cayenne“ (вид на црвена и лута пиперка) пиперка, бидејќи им помага да полесно ги поднесат жештините.

Покрај тоа, капсаицинот има силно аналгетско дејство, кога се применува локално на кожата. Ја намалува болката така што ја уништува хемиската супстанција П, која се наоѓа во нервните клетки и која е задолжена за пренесување на чувството на болка до мозокот.

Капсаицинот го зголемува и нивото на хистаминот во крвта, кој е главен одбрамбен систем на човечкиот организам против реуматските заболувања.

Хемиски состав на пиперката

Пиперката просечно содржи околу 89% вода. Од јаглени хидрати содржи шеќери од групата на моносахариди и дисахариди. Од моносахардите, 90-98% содржи гликоза, а остатокот е фруктоза и сахароза. Количината на етеричните масла во семето на пиперката зависи од количината на присутниот алкалод – капсаицин. Капсаицинот е специфична материја и е составен дел на етеричните масла и таа ја дава лутината на плодовите на пиперката.

Витамини и минерали

Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц. Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот. Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 mg во 100 g свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката.

Во пиперката има и значителни количини на витамин Б, посебно Б1(60 mg/100 g) и Б2 (30 mg/100 g свежи пиперки). Содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротин и криптоксантин.

Од минерали, пиперката е најбогата со калиум, фосфор и железо. Поради големата количина на витамин Ц, пиперката се препорачува во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем.

Лековити својства

Пиперката се користи за подговтвување на салати и јадења, но и за разни пијалоци. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот.

Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.

Содржи доста калиум, на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.

Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.

Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.

Од лута пиперка во народната медицина постојат низа средства за лекување на реуматските болки. Со сок од пиперка се лечат разни воспалителни процеси, како што се воспаление на грлото или инфективни заболувања.

100 g пиперки содржат:
  • 9 mg калциум,
  • 22 mg фосфор,
  • 213 mg калиум,
  • 128 mg витамин Ц,
  • 21 калорија,
  • витамини A, Б1, Б2 и ПП