Морков – здрава храна и природен лек

morkov1

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.

 

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова... Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:

 

Начин на користење

Морковот во исхраната се користи: свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум).

Бидејќи морковот содржи малку калории, а многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана и во исхраната на децата. Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.

Дејство

Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања: