Морков – здрава храна и природен лек

morkov1

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.

 

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова... Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:

  • бета-каротин
  • растителни влакна
  • витамин Ц
  • витамин А
  • витамин Б
  • витамин Д
  • витамин ПП
  • витамин Х
  • железо
  • глутамин
  • калиум
  • калциум
  • калциум-пектат
  • каротеноиди
  • ксантофили
  • ликопен
  • натриум
  • пектин
  • јаглени хидрати
  • фосфор
  • цинк
  • етерични масла
 

Начин на користење

Морковот во исхраната се користи: свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум).

Бидејќи морковот содржи малку калории, а многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана и во исхраната на децата. Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.

Дејство

Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања:

  • слабокрвност (анемија),
  • болести на забите,
  • болести на срцето и крвните садови,
  • гојазност,
  • киселини во желудникот,
  • губиток на апетит,
  • депресија и стрес,
  • детски глисти,
  • кожни заболувања (дерматит, екцем),
  • за подобрување на видот,
  • за побрзо зараснување на раните,
  • за подобро согорување на мастите во организмот,
  • при имунодефициенција,
  • за јакнење на ноктите,
  • при кокошкино слепило,
  • при макуларна дегенерација,
  • кај заболувања на бубрегот,
  • за одржување на мозочните функции,
  • при изгореници,
  • при остеопороза,
  • за намалување на заморот,
  • при покачена телесна температура,
  • при зголемен холестерол,
  • при настинка и грип,
  • при проблеми со косата,
  • против кашлица (сок од морков),
  • за регулирање на варењето на храната и запекот,
  • за регулирање на крвниот притисок,
  • за одржување на нормална телесна тежина,
  • за регулирање на метаболизмот,
  • за превенција на малигни заболувања,
  • за воспаление на крајниците и гласните жици,
  • против целулит,
  • кај шеќерната болест,
  • при мозочен удар.

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

.

.