Био-медикус |
Опис
Oрдинацијата се наоѓа на одлична локација во центарот на градот, близу ,,Јаворот,, до О.У.Страшо Пинџур. Во нејзина близина се наоѓа Здравствениот дом-Кавадарци, поголем број на аптеки ,лаборатории.
П.З.У.Био-Медикус е меѓу пионерите на основани приватни ординации. Основана е во 1993 год. од Др.Јован Николов. До 2008 год. год работи како ординација со еден тим.
Од мај 2008 год.во П.З.У.Био-Медикус работат 2 лекарски тима:
1.Тимот на др.Ирена Николова-специјалист по семејна медицина,ментор и едукатор во центарот за семејна медицина-Скопје.
2.Тимот на др.Анета Јовановска-Илова-специјалист по семејна медицина.
На нашите пациенти им нудиме услуги кои се базирани на медицина заснована на докази.
Ги следиме сите новини и промени во здравствениот систем, како и сите новини во лекувањето на акутни и хронични заболувања.
П.З.У.Био-Медикус има склучено договор со Ф.З.О.