Дом Жана - Неготино

dom zana     Дом  Жана - Неготино
  Адреса: 4-ти Јули 20,
  1440  Неготино  Македонија
  Телефон: +389 43 365204
  E-mail: domzananegotino@gmail.com
  www.domzana.mk

Опис  

Приватната установа за социјална заштита на стари лица ДОМ-ЖАНА Неготино започна со работа во 2000 година и до ден денес работи успешно со повеќе кратно проширување на сопствениот капацитет.  Се работи за еден од првите приватни домови за стари лица во Р. Македонија кој нуди професионална грижа на старите лица.
Установата е основана и истата е раководена од страна на фамилијата Илови кои имаат над  20 годишно меѓународно работно искуство во областа на социјалната заштита на стари лица.
Установата почнува да работи со капацитет на легла за 20 корисници. Во 2012 капацитетот на згрижување беше  проширен за дополнителни 15 легла.  Во 2017 година  направено беше дополнително проширување на постоечкиот капацитет и истиот изнесуваше 51 легло. Во 2018 година се започна со проширување на капацитетот за дополнителни 47 легла во новоизграден објект кој е поврзан со веќе постоечкиот објект и започна со работа во м. Март 2019 година.
 Домот обезбедува услуги од стручен тим кој опфаќаат психо-социјална поддршка  од страна на социјален работник, 24 часовна грижа и нега од страна на медицински сестри, услуги од физиотерапевт, нега од страна на негуватели кои се со над 10 годишно работно искуство.  
Домот обезбедува дополнителна здравствена заштита  од страна на доктори по општа медицина, стоматолози  и доктори специјалисти вработени во Поликлиника ДОМ Жана Неготино која е основана и раководена од фамилија Илови.
Покрај негата и грижата на нашите корисници, особено внимание посветуваме и на социјалниот живот на сите наши корисници зачувување на нивните физички и психички способности со цел зголемување на квалитетот на нивниот живот и обезбедување на достоинствена старост.
Ние се трудиме ДОМ-ЖАНА да биде место каде што луѓето од третото животно доба можат да ги најдат сите потребни содржини, да си ја направат староста убава, удобна и безгрижна.

Галерија  

 

  • 5.jpg
    big image
    5.jpg
  • 4.jpg
    big image
    4.jpg
  • 6.JPG
    big image
    6.JPG
  • 7.JPG
    big image
    7.JPG
  • 10.jpg
    big image
    10.jpg
  • 1.JPG
    big image
    1.JPG
  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 9.jpg
    big image
    9.jpg
  • 8.jpg
    big image
    8.jpg
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

Дом Жана - Неготино

Контакт Форма  

Дом Жана - Неготино

.

.