ЈС Дентал |
Опис
Ординацијата има склучено договор со Фондот за здравство на Р.М. и работиме со матични пациенти. Кај нас ќе ги добиете сите услуги од областа на:
-болести на заби и ендодонција (пломбирање со висококвалитетни нанокомпозитни пломби, лекување и полнење на забни канали)
-болести на уста и пародонт (ултразвучно чистење на забен камен, воздушно полирање, рачна обработка на пародонтални џебови)
-детска стоматологија (комплетна грижа за оралното здравје на најмалите) -фиксна протетика (изработка на коронки и мостови, метална и безметална керамика)
-мобилна протетика (изработка на парцијални и тотални мобилни протези, визил протези)
-естетска стоматологија (професионално белеење на заби)
Работно време на ординацијата
Понеделник- Петок од 09 до 20 часот
Сабота од 09 до 14 часот